Тивок хаос

350,00 ден450,00 ден

„Тивок хаос“ (2005) е роман на италијанскиот автор Сандро Веронези, со кој ја освои најпрестижната италијанска книжевна награда „Стрега“. Истоимениот филм, базиран на романот, во режија на Антонио Грималди и со Нани Морети во главната улога, излезе во 2008 година.

„Не сме сами, само сме осамени“, ќе изјави самиот Веронези. Главниот јунак на романот ја живее својата осаменост пред училиштето на ќерка си. По неочекуваната смрт на свршеницата, „мора да си го обнови животот пред местото каде што луѓето одат да учат“, додава авторот. Романот е прекрасно напишан, меланхоличен и духовит, и ги преиспитува и подрива очекувањата на читателите за тоа како изгледа жалоста. Сандро Веронези од секој детаљ прави уметност, создавајќи мозаик од хумор, надеж и длабока проникливост.

ШИФРА: 136
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2016

Број на страници

450

Превод/Препев

превод од италијански: Калина Јанева

Сандро Веронези е италијански романсиер, новинар и есеист. Дипломира архитектура на Универзитетот на Фиренца, градот во кој е роден во 1959 година, но потоа решава да ѝ се посвети на писателската кариера.

Автор е на една поетска збирка, пет романи, три збирки есеи, збирка раскази, еден драмски текст и бројни предговори за романи и збирки есеи, интервјуа, сценарио и телевизиски програми.

Неговиот роман „Силата на минатото“ ги освои наградите „Кампиело“ и „Вјареџо“ во 2000 година. Во 2005 години излегува романот „Тивок хаос“. Делото е преведено на 20 јазици и е добитник на најпрестижната италијанска книжевна награда „Стрега“, како и на повеќе други награди во Франција и Шпанија.

Сандро Веронези е основач и на италијанската издавачка куќа „Фанданго“, заедно со Доменико Прокачи.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.