Земја на бегалци

Од (автор)Кица Колбе

550,00 ден

Да знаеја дека нема никогаш повеќе да се вратат дома, пред да појдат во шумите, тие барем ќе застанеа мигум м‘лченичкум среде одаите, во кои живееја од дедо-прадедо. Во молк ќе се простеа од нив. Ќе им кажеа збогум на гумната и на племните, на чардаците и на амбарите, на портите и на пенџерите. Ќе ги целиваа стисовите и портите стари како што од мртовецот се збогуваа со последно целивание. Ќе се збогуваа тие мигум од својот живот во тие одаи.

Тогаш сфати Фросе, некогашното дете на егејски бегалци, дека таа навистина е дел од нешто многу постаро. И многу поголемо. Постаро и поголемо од сите домови, од сите полиња и ниви. Од сета земја што ја изгубија нејзините роднини во својата татковина. Грција. Егејска Македонија. Тоа, на што таа припаѓа, е поголемо и од сите татковини. Постаро е тоа од сите напишани истории. На таа невидлива за светот земја на бегалците ѝ припаѓа Фросе Аврамова. На таа најстара земја на прогонот и бегството. Само на таа земја Фросе ѝ припаѓа вистински. Таа е вечниот засолн на прогонетите, отфрлените, пребеганите. Вечната земја на бегалците. Таа постои над сите граници, над сите нации, над сите народи. Само таа е нејзината татковина.

ШИФРА: 162
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2018

Број на страници

490

Кица Колбе (1951) студирала филозофија на универзитетите во Скопје и Белград. Магистрирала на естетиката на Теодор В. Адорно, а докторирала на германската естетика од 18-от век. Неколку години работела на катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Од 1990-тата се посветува целосно на прозата, особено на романот. Нејзини дела се: „Егејци“ (Култура, 1990), „Снегот во Казабланка“ (Три, 2005 – прво издание; Магор, 2007 – второ издание), „Жените Гаврилови“ (Табернакул, 2008) и „Река во наследство, Ein Fluss als Erbe“ (Скопје и Лангенфелд, 2009).

„Снегот во Казабланка“ е добитник на наградата „Роман на годината“ 2006, а „Жените Гаврилови“ во 2009-та беше македонска номинација за наградата „Балканика“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.