Жената на францускиот поручник

Од (автор)Џон Фаулс

500,00 ден

„Исклучително, луцидно ремек-дело кое задолжително се чита по неколку пати.”

The New York review of books

„Брилијантен успех… Роман преполн со страст и незаборавни сцени што се читаат во еден здив.”

Financial times

„Ова е еден од најомилените современи романи на читателската публика во целиот свет.”

The Times

„Неверојатен спој на имагинацијата и историската стварност; панорама на една епоха и длабински приказ на една цивилизација во форма на врвна книжевност.”

Washington post book world

„Една од најмаркантните љубовни приказни во современата англиска литература, која во изминатите децении го етаблираше Фаулс како еден од големите модерни класици на книжевноста.”

Daily mail

Распродадено

ШИФРА: 58
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2012

Број на страници

464

Превод/Препев

превод од англиски: Ацо Пероски

Џон Фаулс (1926-2005) важи за еден од великаните на англиската книжевност од втората половина на XX век. Уште со неговиот дебитантски роман „Колекционер“ се закитил со бројни меѓународни признанија, но вистинската слава ја постигнал со неговото најпознато и најкомплексно дело „Волшебникот“.

Делата на Фаулс се исклучително сугестивни и иновативни, со нагласен интерес за психолошкиот, социјалниот и филозофскиот контекст на човековото однесување. Романот „Жената на францускиот поручник“ и од критиката и од публиката се смета за најзрелото дело на Фаулс и за еден од големите класични романи на постмодернизмот, кој се издвојува со специфичното длабинско портретирање на ликовите и со оригиналниот приказ на англиското општество од викторијанскиот период.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.