Поетска вечер со Лидија Димковска и Алеш Мустар во Битола

Поетска вечер со Лидија Димковска и Алеш Мустар во Битола

Вечерва со почеток во 19 часот во кафе-барот и културен центар „Везилка“ во Битола ќе се одржи книжевна вечер со македонската писателка и поетеса Лидија Димковска и словенечкиот поет Алеш Мустар. Во фокус ќе бидат нивните стихозбирки „Гранична состојба“ (награда „Браќа Миладиновци“ на СВП) и „Црно на бело“, како и „Средни години“, сите во издание […]

Ново во „ПРОаЗА“ – „Фауна“ на Кристијан Вадне

Ново во „ПРОаЗА“ – „Фауна“ на Кристијан Вадне

Деновиве од печат излезе нов роман во популарната едиција „ПРОаЗА“. Се работи за преводот на еколошката фикција насловена „Фауна“ од младата канадска писателка Кристијан Вадне, која освои еден куп награди со нејзиното одлично дебитантско дело. Преводот од француски на македонски е на Валентина Новачева, а дизајнот на корицата на Марија Смилевска. Кристијан Вадне е канадска […]

Престижната награда „Браќа Миладиновци“ за „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски

Престижната награда „Браќа Миладиновци“ за „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски

Со големо задоволство Ве информираме дека стихозбирката „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски е годинашен добитник на престижната награда „Браќа Миладиновци“ што ја доделува фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Анчевски втор пат го добива ова признание, по 2018 година кога му беше наградена стихозбирката „Небесна пантомима“. „Поетската книга […]

Деби романот „Пештера“ на Максим Ристески излезе од печат

Деби романот „Пештера“ на Максим Ристески излезе од печат

Почитувани читатели, Ви претставуваме уште еден нов автор во нашата и Ваша омилена едиција „ПРОаЗА“. Дебитантскиот роман „Пештера“ од Максим Ристески е вистинско книжевно изненадување, и топло Ви го препорачуваме. Напишана со високо естетски литерарен стил, приказната во овој интертекстуален роман на талентираниот автор сигурно ќе ве освои. Максим Ристески (Скопје, 1973) со пишување се […]

„Вечерен автобус“ од Стефан Алијевиќ, нова деби книга во „ПРОаЗА“

„Вечерен автобус“ од Стефан Алијевиќ, нова деби книга во „ПРОаЗА“

ИЛИ-ИЛИ продолжува да ги поддржува новите гласови во македонската литература. Овој пат се работи за ракописот на Стефан Алијевиќ, чија збирка раскази „Вечерен автобус“ е негова прва официјална книжевна објава. Книгата од денес е во продажба. Стефан Алијевиќ (1991, Гевгелија), завршил додипломски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за Општа и […]

Ново од ИЛИ-ИЛИ: „Кон езерото“ од Капка Касабова

Ново од ИЛИ-ИЛИ: „Кон езерото“ од Капка Касабова

Деновиве од печат излезе преводот на книгата „Кон езерото“ од Капка Касабова како засебно, специјално издание на нашата издавачка куќа. Преводот од англиски на македонски јазик на делото за кое изминатите години сите зборуваа и кое се закити со книжевни награди е на Бранислав Мирчевски. Краткиот вовед во книгата гласи: „Охридското езеро е од оние […]

„Мојот маж“ од Румена Бужаровска наскоро и на француски јазик

„Мојот маж“ од Румена Бужаровска наскоро и на француски јазик

На 08 септември, Денот на независноста на Македонија, угледната француска издавачка куќа „Галимар“ за прв пат ќе издаде дело од македонски автор. Се работи за збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, која кај нас веќе достигна осум изданија. За значењето на книгата и нејзиниот превод денеска пишува и порталот „Сакам да кажам“, во кој […]

Осврт кон романот „Колибри“ од Сандро Веронези

Осврт кон романот „Колибри“ од Сандро Веронези

На порталот „Плусинфо“, Срѓан Ивановиќ пишува за романот „Колибри“ од италијанскиот писател Сандро Веронези, кој од крајот на минатата година можете да го читате и на македонски јазик, во превод на Анастасија Ѓурчинова. Неговите импресии за добитникот на престижната книжевна награда „Стрега“ можете да ги прочитате на следниот линк: НОВО РЕМЕК ДЕЛО НА САНДРО ВЕРОНЕЗИ […]

Разговори со Хана Корнети за збирката раскази „Млечни заби“

Разговори со Хана Корнети за збирката раскази „Млечни заби“

Драги читатели, доколку сте се’ уште во Скопје, топла препорака да наминете вечерва во „Буква“, каде апсолвентките од Катедрата по општа и компаративна книжевност организираат средба и разговор со Хана Корнети за нејзиното книжевно деби – збирката раскази “Млечни заби.” Настанот, кој започнува во 20ч30м е од отворен карактер и сите кои сакаат да бидат […]

Видео запис од гостувањето на Кристина Тот

Видео запис од гостувањето на Кристина Тот

Прекрасна промоција се случи на 17 јуни во „Буква“, кога ни гостуваше популарната унгарска писателка Кристина Тот. Промотори на нејзината книга за деца „Приказни од облаци“ беа Калина Малеска и Николина Андова-Шопова. Повелете видео запис од настанот. #CreativeEurope4Books

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна