ИЛИ-ИЛИ во „90 минути“ на Телма
За новите изданија, промотивните активности, како и најавата за полнолетството следната година (ИЛИ-ИЛИ ќе полни 18 години постоење!), на гости кај секогаш драгите Цеце и Марко на Телма 😉
За новите изданија, промотивните активности, како и најавата за полнолетството следната година (ИЛИ-ИЛИ ќе полни 18 години постоење!), на гости кај секогаш драгите Цеце и Марко на Телма 😉
На 08 октомври во фоајето на киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на втората есеистичка книга за седмата уметност од Игор Анѓелков, „Филмски град“. Промотори се Стефан Сидовски и Оливера Ќорвезироска. Почеток во 19.30. Повелете 😉
Драги читатели, посетете не’ на годинашниот Саем на книгата, имаме вистински книжевни изненадувања за Вас. Погледнете што е НОВО во клипот и изберете го Вашиот фаворит. Ве очекуваме 😉
…возбудлива приказна за растењето, преиспитувањето и созревањето во едно време кога многу работи изгледаа невино и наивно, но сепак, доволно предизвикувачки за да ги сменат настаните од корен… ИЛИ-ИЛИ, Ваше право на добра КНИГА
Со задоволство Ве информираме дека „Одбројување“ на Фросина Пармаковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017, што од оваа година ја доделува на Фондацијата „Славко Јаневски“. По „Единаесет жени“ на Снежана Младеновска-Анѓелков (2011), „Телото во кое треба да се живее“ на Петар Андоновски (2015) и „Собирачи на пепел“ на Давор Стојановски (2016), ова […]
Погледнете го документарниот филм како заокружување на нашиот тригодишен проект „Еуропеана“, за важноста на современата европска литература и нејзиното влијание врз локалната книжевна сцена, со изјави од македонски писатели и преведувачи, но и од европските автори, кои во изминатите години беа наши и Ваши гости.
На 25 август во „Ла Кања“ го промовиравме интригантниот роман „Крајот“ во присуство на авторот Атила Бартиш. Еве видео запис за сите оние кои ја пропуштија оваа фина книжевна вечер во чаршија. Преводот и промоцијата на книгата се дел од проектот „Креативна Европа“ на ЕУ.
Драги читатели, Ви благодариме за присуството во голем број на 22 август во „Ла Кања“ во Скопската чаршија, на промоцијата на романот „Род“ од авторот Миљенко Јерговиќ. Во продолжение видеото од настанот за оние кои го пропуштија, но пред тоа, уште едно потсетување на основните работи за овој magnum opus на популарниот писател. *** „Род“ […]
На 03 јуни, како дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ, наш и Ваш гостин во Скопје беше талентираниот португалски писател Бруно Виејра Амарал. Преводот на неговиот одличен роман „Првобитните нешта“ наиде на одличен прием кај домашните читатели. Повелете видео од промоцијата.
На 09 јуни во „Ла Кања“ се случи промоцијата на романот „Малите прсти“ од Филип Флоријан. Ова е прв превод од романски на македонски јазик во нашата и Ваша едиција „Проаза“, дело на Ермис Лафазановски, кој беше и промотор на книгата во присуство на авторот. Дејствието на романот, окарактеризирана како дело со оригинален нов јазик, […]