Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2018 |
Број на страници | 105 |
заштеди
50,00 денПливање спротиводно
200,00 ден250,00 ден
„Ненад Јолдески ги покажува своите вештини на опишување на урбаните и природните амбиенти и пејзажи, особено оние кои нескриено го сигнализираат присуството на Струга и струшкото крајбрежје. Тој ни нуди едноставна, но современа нарација која е интимно поврзана со неговото струшко-македонско ментално битие од каде што тој поаѓа во освојување на книжевниот свет и каде што се враќа за да му даде смисла на тој свој свет. Се враќа постојано назад, а всушност продолжува напред, преосмислувајќи ги парадигмите на враќањето врз параболата на јагулите. Раскажувајќи ја македонската сага врз предлошката на јагулите, на Охридското Езеро на Дрим. Река која не исчезнува“.
Катица Ќулавкова
Ненад Јолдески (1986) е роден во Струга.
Автор е на книгите: „Штамата на Енхалон“, збирка раскази напишани на струшки дијалект и сленг која ја освои наградата „Новите“ за најдобро дебитантско дело во 2009 година и „Секој со своето езеро“ за која во 2016 година ja доби „Наградата за литература на Европска Унија“.
Уредник е на збирката раскази „Николај (фикција. вода. вистина)“ која содржи шест раскази од шест македонски автори, инспирирани од животот на руските емигранти доктор Никола Незлобински и неговата жена Софија Незлобинска.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.