Број на страници | 416 |
---|---|
Година на издавање | 2022 |
Превод/Препев | Превод од англиски јазик: Ацо Пероски |
Автор/ка |
Далеку од Ирска
490,00 ден
„Далеку од Ирска“ е избор од расказите на Вилијам Тревор кои ги обединува тоа што дејството е сместено надвор од родната земја на авторот, но во кои Тревор го истражува познатиот терен: малите таги и радости што го сочинуваат нашето секојдневие. Во расказите во оваа книга можеме да го засведочиме елегантниот и луциден стил на овој автор.
„Тревор е мајстор на кратката фикција. Неговата внимателно напишана, лирска проза, истовремено иронична и елегична, е невозможно да ја испуштите од раката. Неговите приказни се длабоки, емотивни и незаборавни.“
Паблишерс Викли
Вилијам Тревор (1928-2016) е класик на ирската книжевност. Пишувал романи, драми, есеи, книги за деца, но најзначаен е како автор на раскази. Во жанрот на кратката проза Тревор е добитник на некои до најзначајните награди од англиското говорно подрачје.
Некои од неговите позначајни романи се „Два живота“, „Патувањето на Фелиција“, „Смрт во лето“, „Приказната за Луси Галут“, „Љубов и лето“. Расказите на Тревор се објавувани во повеќе од дваесет збирки, публикувани во период од пет децении.