Автор/ка | |
---|---|
Број на страници | 204 |
Година на издавање | 2024 |
Леска Брезоска
380,00 ден
Еднаш преживеав страшен пад во река, а веќе следниот пат доброволно влегов под пазувите на водопадот, што биде нека биде и пропаднав длабоко со лицето вперено во стравот, еве сум, реков, дојдов, ако сакаш земи ме! Ама водата одби да ме земе, всушност, водопадот, па и реката, немаа никаква намера да ме земат мене, тие ги земаа сите, немаа ништо лично против мене и за момент се почувствував глупаво што дозволив таа помисла да ме излаже дека сум нешто посебно, зашто, да си посебен на крајот не ми значеше ништо, моите проблеми и понатаму си останаа мои. Соочувањето со тој страв ми помогна полесно да го разберам, сфатив дека стравот има своја гравитација за да те држи близу, додека тој, како најсветла ѕвезда, се ширеше и се загреваше, и во еден момент гравитацијата стануваше толку силна што те вшмукуваше во себе, а оттаму никој не се вратил (ист).
Симона Јованоска е родена во 1985 година, во Гостивар. Во родниот град завршила средно економско училиште, а потоа Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг.
Во 2015 година ја објавува дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“ во издание на „Или-Или“. Во 2019 година ја добива втората награда на конкурсот на дневниот весник „Нова Македонија“ за расказот „Последниот кат“ а во 2022 година е првонаградена за расказот „Кажи му на кучето“. Романот „Денот на црвот“ (Или-Или, 2021, 2022) е нејзин прв роман и е прогласен за „Роман на годината“ за 2021 година од Фондацијата „Славко Јаневски“. Во 2022 во издание на „Чудна шума“ ја објавува книгата за деца „Градот Вабу и потрагата на Нави“.