-
Алчност
250,00 денСелскиот жандарм Курт Јаниш – “добар на изглед маж, овој жандарм, каков што ни се допаѓа нам, на жените” – фрлил поглед на имотот на осамените жени, и е опседнат со алчноста за пари и посед. А како полицаец тој знае каде да ги најде жртвите: на селските улици, каде во својот бележник си ги запишува нивните регистерски таблички и адреси. Првата жртва е жена во средни години, која се преселила од град на село за да живее сама и во складност со природата, која на ниту еден начин не му е дорасната на жандармот, бидејќи тој кај неа буди сексуална зависност само за да дојде до нејзината куќа. Потоа тука е и една многу млада девојка, која уште не наполнила ни шеснаесет години, но исто така се вљубува во овој маж. Сепак, првата почнува да насетува што е тоа што го интересира жандармот.
„Елфриде Јелинек е класична воајерка прикована за прозорецот, онаму каде што домуваат сурово потиснатите чувства. Покрај тој прозорец изминува светот. Но светот не е убав. Тој е едно животно, маж, убиец на жени.”
Die Zeit
„Злобниот поглед на Јелинек и во овој роман не изгубил од својата острина. Тој повторно се занимава со клишеа, тривијалности и патриотска заслепеност. Сета одвратност, претпазливо набљудувана под лупата е само парабола: за поразот и пропаста на денешницата во целост, и особено за пропаста на денешна Австрија“.
Die Welt
„Не, Јелинек не поштедува никого, дури ни себеси. Таа се бори со сите средства, со сатира и иронија, со извадоци од весници, огласи и реклами, со свесно извртените слики против владеачките клишеа, дури и кога се чувствува колку самата таа страда заради природата на жените и нивната потисната улога“.
Die Woche
500,00 ден -
Институт за регулирање на времето
250,00 денРоманот „Институт за регулирање на времето“ на специфичен начин го проблематизира современиот турски идентитет, којшто повеќе го задржува одошто го отстранува „османлиското“ во себе, и се смета за книжевно ремек-дело на иронијата и сатирата на турското општество на преминот од Империја во Република. Според критичарот Ердаг Ѓокнар, „Иститут за регулирање на времето“ е редуктивна перцепција на Турција како нација, приклештена меѓу Истокот и Западот, односно на нејзиниот постепен премин од едната кон другата насока, и според која разбирањето на Турција на утрешнината лежи во разбирањето на нејзиното неодамнешно Османлиско минато. Романот маестрално и иронично ја опишува состојбата на бирократскиот фетишизам, преку една непродуктивна организација (Институт) која на крајот пропаѓа, но ќе продолжи да живее преку „постојаната комисија за надзор“ на чело со еден од главните јунаци – Халит Регулаторот. Читателот, без оглед на претерано карикираните ликови и апсурдниот тек на настаните, ќе се смее до солзи кога ќе ги чита вистините за своето општество, за кога ќе заврши со читањето, на лицето да му остане горчлива и тажна насмевка.
480,00 ден -
Куќа за средби
100,00 денСпоред Ален Роб-Грије, пишувањето е соочување со самиот себеси. Тој го расчленува раскажувањето на романот за да создаде впечаток на „симултаност од различни точки на гледања”. Со еден збор, се откажува од сезнаечкото и однапред конципирано раскажување и ја прифаќа сосотојбата на недоверливост и несигурност. За стилскиот израз на Роб-Грије како мошне важна се истакнува тактилноста и чувствителната фрагментарност додека се текстуализира „текот на нештата”.
Романот „Куќа за средби” потврдува зошто Грије, кој се смета за водечки теоретичар и практичар на нуво роман, е еден од најконтраверзните и најоспоруваните автори во поствоената ера. Во „Куќа за средби”, мајсторот на „новиот роман” создава свет на злосторство, интриги и страст кои се случуваат во мистериозната Вилла Блеуе, со која раководи Леди Ава.
Сместено во Хонг Конг, дејствието на романот се одвива во текот на една вечер, но настаните од вечерта периодично се повторуваат од различните перспективи на ликовите. Роб-Грије создава едно „разложено” дело кои ја доведуваат во прашање преставата за субјективност и објективност, имагинација и факти, како и целата постапка на раскажување
299,00 ден -
Крајот на еден семеен роман
100,00 ден„Роман кој се развива во концентрички кругови, ги истражува длабочините на еврејското минато, со цел да направи една синтеза од митолошката, историската и политичката стварност. Призмата е на едно дете, Петер Шимон, кое раскажува за врската со деда си и за нивниот живот во времето на комунизмот. Романот завршува со еден збор: Не.“
New York Times
„Речиси ништо во романот не е така како што изгледа, а читателот честопати се фаќа како се навраќа назад за да провери дали некоја назнака има врска со нешто што претходно се случило. Надаш бара да се внимава на историскиот контекст, но како да сака да вознемири, да му ги пренесе на читателот емоционалната напнатост и несигурноста на приказната.“
Vienna Review
270,00 ден -
Комунистот Монте Кристо
200,00 денИсторискиот роман има голема традиција во унгарската и европската книжевност. Но дали е можно евоцирање на минатото со помош на сатира и иронија? Се чини дека после овој семеен роман на младата писателка Ноеми Сечи, тоа воопшто не е неможно. Авторката со прикажувањето на животот на „својот прадедо“ го води читателот низ бурните настани на унгарската историја меѓу 1919-1957 година. Тој период претставува дел и од унгарската сегашност: оценувањето на скоро сите учесници и настани од тоа време до ден денешен е проследено со жестоки дискусии.
Во однос на промените на политичките системи, кои се евоцираат во романот и кои во многу аспекти донесоа радикални пресврти, читателот има чувство дека историјата на XX век во суштина е повторување на едни исти случувања. Помеѓу зајадливата иронија и сатиричниот црн хумор, авторката ги оживува сите верувања, опсесии и предрасуди на двете политички опции (десната и левата).
Оти, што е всушност историјата? Таа е истовремено и историја на тие верувања, опсесии и предрасуди. Или, како што вели самата Сечи, „Историјата за мене е неисцрпен извор на необични судбини, а од друга страна една, речиси, сатанска законитост. Ние тука, во Европа на 21. век, сме способни колку-толку да се одбраниме од демонската сила на политиката, а мене токму поради тоа ме интересираат други, минати времиња, оти тогаш тоа уште не беше можно, а токму таа темна сила може да се активира во текстот”.
480,00 ден -
Ја проколнувам реката на времето
200,00 ден„Приказната изобилува со Петешоновиот деликатен дијалог помеѓу сегашното и минатото јас. Додајте го ова чувство на длабоката археологија на емоции во секој извајан пасус кој понесманите писатели ќе ги натера да липаат од завист, а ние имаме уште еден мајсторски час во алхемизирањето на времето и губење во златото на уметноста”.
The Independent, Англија
„Моќно читателско искуство… возбудлив двоен портрет на мајка и син… Малкумина (ако и воопшто некој) можат да пишуваат за егзистенцијалните, универзално хумани прашања на начин кој е толку воодушевувачки и соодветен”.
Helsingør Dagblad, Данска
„Чесен, исцрпувачки и ироничен портрет на сложениот однос меѓу мајка и син. Приказна која го истражува човековиот недостиг на способност да комуницира како и неуспехот да ја разбере својата сопствена сложеност, оформена во проза која е и прецизна и прекрасна. Исклучително забавна и многу интимна приказна од највисок квалитет“.
Literature Nordica, Шпанија
350,00 ден -
Срце толку бело
200,00 ден„Срце толку бело е една од оние необични книги кои одеднаш добиваат статус на манифест и создаваат нови стилови и вредности во книжевноста.”
Le Monde
„Ова е најдобриот и најамбициозниот роман на новиот голем глас на шпанската литература.”
El Pais
„Суптилен роман напишан од вистински литературен гениј. Не може да се спореди со ниедно друго дело од современата книжевност.”
Das Literarische Quartett
„Прекрасна и сложена приказна, напишана на извонреден стил, богата со книжевни алузии и длабоки психолошки портрети. Брилијантен роман.”
Washington Post
420,00 ден -
Слава
200,00 денСлавата и безличноста, вистината и лагата се провлекуваат низ сите девет епизоди од овој остроумен и смешен роман полн изненадувања што веднаш ќе ве плени, во кој патиштата се вкрстуваат, заплетите се усложнуваат, ликовите стануваат вистински луѓе, а вистинските луѓе се преобразуваат во ликови. Резултатот е едно импресивно виртуозно дело на еден од најдобрите млади автори во Европа.
Деветте приказни се преплетуваат кога еден случајно помешан телефонски број ќе предизвика низа недоразбирања и кражби на идентитетот помеѓу главните ликови, така што нивните животи се преплетуваат во една заедничка, зачудувачка приказна, преполна со иронија, очај и хумор, заради кои ова неповторливо книжевно дело оправдано се споредува со делата на големите автори, како Сартр и Ками.
300,00 ден -
Без догма
250,00 ден„Без догма“ е современ роман пишуван во форма на дневник од страна на еден исклучителен човек со аристократско потекло. Тоа е првата литературна творба на Сјенкјевич која се здобила со интерес кај европските читатели. Романот е обид да се даде слика за крајот на векот, кој врз интелектуалната душа остава петно на очај, како резултат на паѓањето на вредностите, бунтот против граѓанското општество, и воопшто, недостатокот од верба во што било и недостаток од каква било цел. Ви звучи познато, нели!?
Со „Без догма“, Сјенкјевич сакал да испрати и еден вид предупредување до што може да доведе животот без догма, скептичкиот ум, лишен од едноставност, кој не се потпира на ништо. Главниот лик Плошовски, како архетипски декадент на полскиот модернизам, е создаден од еден писател-позитивист кој бил фасциниран од романтизмот и кој, парадоксално, токму во модернистичката литература ја гледал причината за кризата на векот.
500,00 ден -
Собирач на автограми
200,00 денАлекс-Ли Тандем има чудна професија: тој продава автограми, ги лови имињата на славните луѓе запишани на хартија, ги собира и ги препродава, но исто така и ги фалсификува, сакајќи да им го даде на луѓето она за што сонуваат: мал дел од славата. Алекс оди во потрага по автограмите на два континенти, се обидува да ги разбере мистичните филозофии на Кабалата и Зен-будизмот, станува збунет сведок на уништувањето на неговиот сопствен живот и, сосема случајно, успева да открие еден мал дел од неговото вистинско „јас“, кое не може ниту да се купи ниту да се продаде, туку мора да се прифати.
„Собирач на автограми“ е истовремено трогателен и комичен осврт на празнините на денешното модерно живеење во кое симболите доминираат над искуството. Зејди Смит, новото големо име на британската книжевност, уште еднаш напиша голема и значајна книга во која се зборува за теми кои се сосема малку застапени во современата литература.
500,00 ден -
Улица
200,00 денВо овој незаборавен роман, Бији Банделе на уникатен начин ја отсликува атмосферата на современиот мултикултирен живот во Англија. Во „Улица“ живеат повеќе фасцинантни, несекојдневни ликови чиишто животни приказни се преплетуваат во една необична приказна за урбаниот надреализам на секојдневното живеење. Она што ги обиединува сите тие чудни и смешни ликови се нивните неуморни обиди да допрат еден до друг, надевајќи се дека така ќе најдат малку љубов.
„Улица“ е интересна, луда и сложена приказна, која варира од црна комедија, па сè до пародија на сентиментална мелодрама. Со својот специфичен, забавен и комичен начин на раскажување, кој е длабоко втемелен во африканската фолклорна традиција, Банделе создава прекрасен роман по примерот на големите мајстори на магичниот надреализам.
390,00 ден -
Ќе ви плукам на гробовите
200,00 денБез сомнение, сите романи на култниот француски писател Борис Вијан се подеднакво вредни за внимание. Но, „Ќе ви плукам на гробовите“ зазема посебно место во неговата библиографија, бидејќи се појави во време кога никој не очекуваше вакво пецкаво четиво кое вознемири многумина.
Романот излезе во бурните години по Втората светска војна како резултат на облогот кој падна меѓу Вијан и младиот издавач Жан Делуан, кој не веруваше дека може да се случи успешна книга на француски јазик која кокетира со ултра популарниот жанр во тоа време меѓу публиката, американскиот „роман ноар“. На крајот испадна дека облогот се исплатеше, и на читателите им требаше долго време да сфатат дека писателот и преведувачот се иста личност, бидејќи романот беше потпишан со псевдоним.
Освен тоа, Претседателот на Здружението за социјални и морални активности во Франција покрена тужба против делото заради повреда на моралните вредности. Романот беше прогласен за „порнографски“, но тоа само додатно помогна во неговата промоција и истиот се продаваше како алва. Набргу на страниците за „Црна хроника“ осамна и приказната за трговецот кој ја убил љубовницата потоа одземајќи си го и својот живот, а полицијата крај неговото тело ја пронашла токму книгата на Вијан, отворена на страната каде книжевниот херој ја убива својата девојка, по што легендата за романот веќе си зазема место во историјата.
Или, талентираниот Борис Вијан со својот горчлив стил и острите реченици кои сечат како сатар несомнено ја поседува уметноста на неизвесноста, создавајќи драматично четиво кое изобилува со жешка атмосфера, исполнета со блудни нешта. Но, на провокативниот разврат му опонира со жигосување на одвратниот расизам, отворено изразуваќи го презирот кон сегрегацијата и кон лицемерието, кои се како брат и сестра.
Величествено!
330,00 ден -
Викенд
150,00 денБернхард Шлинк во својот роман „Викенд” не’ навраќа на една епоха и на животот на една генерација, која некогаш ја симпатизирала вооружената ослободителна борба на земјите од таканаречениот трет свет. Во фокусот стои фигура, која по многу детали потсетува на терористот на РАФ, Кристиан Клар.
Но, во романот на Шлинк не се работи за тероризам. Ослободениот затвореник, кој треба да го води разговорот за време на викендот е отсутен во мислите. Зборува, воопшто кога има било што да каже, како пред дваесет и пет години. Револуционерниот патос е се’ уште присутен, иако здрвен и зараснат.
Сепак Јерг има важна функција. Неговото присуство ги присилува другите повторно да се конфронтираат со своите животни лаги.
370,00 ден -
Стравот на голманот од пенал
100,00 ден„На монтерот Јозеф Блох, кој порано беше познат голман, претпладнето кога се пријави на работа, му соопштија дека е отпуштен.”
Така почнува новелата на Петар Хандке, која веќе стана класика. Таа не е ниту психограм на еден убиец, ниту патолошко истражување за некаков социјален аутсајдер, туку повеќе парабола за еден непознат свет кој повеќе не може да се именува.
Хандке мајсторски го опишува очајот на поединецот, неговата изгубеност и истрошеност во современиот свет, депресијата и морничавоста на Европа во времето на Студената војна и малограѓанската австриска провинција. Сите нијанси на стравот пред самиот себе и својата околина се откриваат пред читателот низ особениот стил на Хандке.
Јозеф Блох е вистински антијунак, од ден на ден во сè поголем расчекор помеѓу својот внатрешен живот и надворешниот свет на реалноста, а неговата шизофренија одлично ја оцртува состојбата на епохата.
„Стравот на голманот од пенал“, според кој Вим Вендерс го сними прочуениот истоимен филм, го лансираше Петер Хандке меѓу најважните европски писатели во втората половина од 20. век.
199,00 ден -
Сто дена
100,00 денДејството на „Сто дена“ се случува во Руанда во 1994 година, во период на граѓанска војна во која е извршен масакр на над половина милион луѓе. Главникот лик е Швајцарец кој оди во Руанда во политичка мисија и одеднаш се наоѓа во срцето на војната. Поминувајќи низ низа возбудливи и шокантни епизоди, главниот лик полека ја исцртува големата и сложена слика на Лукас Берфус за природата на насилството и за бесмисленото страдање.
Ова е исклучително моќен и трогателен роман кој ги прикажува поразителните последици на современата Западна политика и се осврнува на човечките трагедии кои остануваат речиси потполно незабележани во бесчувствителниот и безмилосен свет во кој живееме.
Заради храбрите теми и заради својот иновативен уметнички стил, „Сто дена“ беше во најтесната конкуренција за повеќе еминентни германски книжевни награди.
330,00 ден -
Есен во Пекинг
200,00 денСпоред публиката и критичарите, „Есен во Пекинг” е најсложениот и најуспешниот роман на Борис Виjан. Приказната се случува во една имагинарна пустина наречена Егзопотамија, каде сите главни ликови учествуваат во изградбата на железничка пруга која, всушност, не води никаде.
Со специфично мешање на црн хумор и апсурдни сцени, Виjан ја зачинува оваа „пустинска“ авантура со крајно ексцентрични ликови какви што не се забележани во светската литература, освен можеби во „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол.
Истовремено смешни и трагични, сериозни и апсурдни, допадливи и одбивни, овие незаборавни ликови живеат во мрачниот свет на Виjан, каде сè е можно, освен вистинската среќа.
390,00 ден -
Црешовото дрво и старите чувства
100,00 ден„Во слики со светлечки интензитет, Марица Бодрожиќ раскажува за тоа што беше „Југославија“ и што значи да се биде во егзил; и покажува дека Арјета ќе има иднина само ако е подготвена да не ги затвори актите на своето минато. Тогаш црешовото дрво ќе прокрвави и ќе раскажува…“
Карл-Маркус Гаус, Зидојче Цајтунг
„Бегството во јазикот како последно средство на отпорот, е она што го носи целиот роман. Како можеме да се сетиме, како можеме да го совладаме сеќавањето? Тоа се прашањата што ја водат Арјета Филипо, раскажувачката во романот. Потекнува од Сараево, студира во Париз, потоа оди за Берлин и насекаде среќава други луѓе кои побегнале од војната во Југославија, но не наоѓаат мир во себе“.
Андреас Платхаус, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг
299,00 ден -
Книга на сеќавања 1 и 2
390,00 денВо романот „Книга на сеќавања“ авторот го опишува светот како систем на релации кои ги поврзуваат човечките тела едно со друго. Романот започнува да го пишува во седумдесеттите, работи на него десеттина години во многу опасни услови, дури со замисла дека никогаш нема да биде објавен. Мотото на овој роман е земен од евангелието спорен Јован: „Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело.“ Романот е преполн со такви врски, особени и фатални источноевропски јазли во кои секој аспект од личниот живот е заплеткан со идеологијата, и ужасните јавни лаги и предавства повторно се создаваат во микрокосмосот на приватните врски.
Сузан Сонтаг, романот „Книга на сеќавања“ од Петер Надаш го нарече „најдобриот роман напишан во наше време“.
Според Хофман, комунистичката Источна Европа ретко е гледана како предмет за рефлексија на Пруст. Романсиерите од овој ден на светот за време на студената војна настојувале системот да им биде главна тема, длабоко загризувајќи во мрачна сатира и бесмислосна алегорија. Но Петер Надаш во „Книга на сеќавања“, остварил еден изворенреден интересен потфат: во романот пренесува една свесност за Социјалистичкиот универзум и го затвора процепот меѓу предвоениот модернизам и Источна Европа. Овој огромен, психолошки комплекс, сензуално напишан роман успешно е поврзан со историската реланост, та поминал неколку години цензурски заборав пред да биде објавен во 1986 година.
Името на Томас Ман често се доведува во релација со Надаш, како негов предходник на таа романсиерска традиција, која тој ја продолжува и предизвикува. Во секој случај романите на Ман имале големо влијание врз оние на Надаш.
690,00 ден

КРЕАТИВНА ЕВРОПА

















