Во трагата на бродот

Од (автор)Пер Петешон

200,00 ден350,00 ден

Една катастрофа го погодува семејството на Арвид. Шест години подоцна Арвид преживува неколку седмици во кои тој на некој начин се наоѓа „во трагата на бродот“, во врска со несфатливото што се има случено, во врска со одживеаниот живот, неговиот сопствен и на другите, живот кој е завршен и нешта кои се направени, а со кои веќе ништо не може да се направи. Посебно е сеќавањето на татко му со кое Арвид се соочува, со прашањето што е тоа тага, дали тоа се однесува и на жената и децата со кои веќе не живее заедно, како и на преживеаниот брат. Тонот е груб, црниот хумор нагласен, а јазичната уметност постојана. Впрочем, како и секогаш во романите на Петешон.

„Романот е неверојатен, како скок во вода студена како мраз … проза која речиси може да се вдише“ The Guardian

„Најголемите скандинавски писатели отсекогаш инсистираат на универзалното во поединечното доживување; Петешон има докажано дека припаѓа во тоа друштво“ The Independent

„Во трагата на бродот” е уметничко дело од роман; студија на анатомијата на човечката катастрофа и психологија. Со врвен стилистички допир, Пер Петешон обединува мелодрама со длабока објективност, а тоа е непобедлива литературна хемија“ Лаш Соби Кристенсен, автор на романот “Полубратот”

ШИФРА: 67
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2012

Број на страници

194

Превод/Препев

превод од норвешки: Искра Бадева

Пер Петешон е роден во Осло во 1952 г. во работничко семејство. Од осумнаесетгодишна возраст сакал да стане писател, но многу години не се ни осмелувал да се обиде затоа што бил сигурен дека нема да успее. Работел како книжар и преведувач. Неговата прва книга Aske i munnen, sand i skoa (Пепел во устата, песок во чевлите) ја објавил во 1987 г. на 35-годишна возраст, 17 години откако сфатил дека сака да биде писател. Оваа книга била прогласена за едно од најсензационалните деби изданија на деценијата во Норвешка. Следат уште неколку романи, меѓу кои најголемо внимание кај критичарите и читателите предизвикаа Одиме да крадеме коњи, Ја проколнувам реката на времето (ИЛИ-ИЛИ, 2011), и секако, Во трагата на бродот. Петешон е добитник и на повеќе литературни награди, меѓу кои и оние на Нордискиот совет, наградата Браге, наградата на норвешките критичари, како и на признанија од New York Times и Time Magazine.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.