Без догма

300,00 ден500,00 ден

„Без догма“ е современ роман пишуван во форма на дневник од страна на еден исклучителен човек со аристократско потекло. Тоа е првата литературна творба на Сјенкјевич која се здобила со интерес кај европските читатели. Романот е обид да се даде слика за крајот на векот, кој врз интелектуалната душа остава петно на очај, како резултат на паѓањето на вредностите, бунтот против граѓанското општество, и воопшто, недостатокот од верба во што било и недостаток од каква било цел. Ви звучи познато, нели!?

Со „Без догма“, Сјенкјевич сакал да испрати и еден вид предупредување до што може да доведе животот без догма, скептичкиот ум, лишен од едноставност, кој не се потпира на ништо. Главниот лик Плошовски, како архетипски декадент на полскиот модернизам, е создаден од еден писател-позитивист кој бил фасциниран од романтизмот и кој, парадоксално, токму во модернистичката литература ја гледал причината за кризата на векот.

ШИФРА: 49
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2011

Број на страници

442

Превод/Препев

превод од полски: Лидија Танушевска

Хенрик Сјенкјевич е полски писател кој се здобил со меѓународна слава и е добитник на Нобеловата награда за литература. Роден е во 1864 г. во едно село во источниот дел од Полска. Се школувал во Варшава и студирал историја и литература. Значаен период за неговото градење како автор е престојот во Калифорнија, каде запознал многу сонародници кои ќе му послужат како прототипови во неговите подоцнежни дела.

Сјенкјевич кај публиката е препознатлив по неговите историски романи, меѓу кои спаѓа и „Quo vadis?“ (1896), роман за античкиот Рим, кој ќе му донесе слава на Запад и Нобелова награда за литература во 1905 г. Но тој не се ограничил само на историски теми. Напишал и два романа со современа тематика, „Без догма“ (1891) и „Семејството Полањецки“ (1889), кои претставуваа зачеток на полскиот модернизам во литературата.

Починал во 1916 г. во Швајцарија. Неговите посмртни останки биле пренесени во Полска во 1924 г. и погребани во гробницата на полските великани, во катедралата на замокот Вавел, во Краков.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.