Душевен мир

234,00 ден390,00 ден

Романот „Душевен мир“ на класикот Ахмед Хамди Танпинар досега е преведен на 30 јазици ширум светот, и со право, бидејќи неговата универзалност не познава граници. Се работи за првиот роман во турската литература кој дискутира за проблемот на вестернизација на турското општество преку класната совест и непремостливите разлики во неговото суштинско ткиво.

Во ова бравурозно дело авторот ги доловува деталите преку колаж од различни ситуации и незаборавни карактери, кои ги доловува до најмалиот психолошки детаљ. Конфликтот на Западот и Истокот, традиционалното и новото, индивидуалноста наспроти социјалната одговорност, ова се темите кои се прекршуваат во умот на главниот луик Мумтаз, кој мора со нив да излезе на крај, бидејќи тој е претставник на генерацијата помеѓу.

Растејќи со траумите од војната, тој не може да најде соодветни одговори на прашањата од егзистенциална природа ниту во религијата, ниту во љубовта. Токму затоа Танпинар остава отворен крај за да можат читателите барем за момент да бидат вистинските одгатнувачи на фаталната вистина за животот, кој на овој или оној начин крие безброј тајни и искушенија низ кои треба да се помине.

ШИФРА: 146
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2017

Број на страници

439

Превод/Препев

превод од турски: Ѓулнихал Исмаил

Ахмет Хамди Танпинар (1901-1962) е еден од најистакнатите современи романсиери и есеисти во турската литература. Тој беше и пратеник во турското собрание во периодот од 1942 до 1946 г.

Факултетот за книжевност го завршува во Истанбул, каде што преку својот професор, познатиот поет Јахја Кемал (роден во Скопје) влегува во книжевните кругови. Работел како професор по книжевност во гимназиите во Истанбул, Анкара и Ерзурум, а од 1933 г. работи како професор по историја на уметност на Академијата за ликовни уметности во Истанбул, каде подоцна предава естетика и митологија, и каде што останува се до својата смрт.

Негови најпознати дела се: „Сништата на Абдулах ефенди“ (1942, збирка раскази), „Пет градови“ (1945, есеи), „Душевен мир“ (1949, роман), „Институт за регулирање на времето“ (1961, роман, ИЛИ-ИЛИ 2012).

Посмртно се објавени делата „Зад сцената“ (1973, роман), „Жена на месечина“ (1987, роман) и „Меѓу два огна“ (1999, сценарио).

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.