Едно лето со Бодлер

200,00 ден

Ниеден поет не ни оставил толку впечатливи стихови. Ниеден писател не зборувал подобро за љубовта, за сплинот, за патувањето. За него, летото било неповратното годишно време на детството, изгубениот рај што неговата поезија би сакала одново да го пронајде.

Модерен и антимодерен, Бодлер останува наш современик, иако некои од неговите ставови можат да нè вџасат. Тој го мразел напредокот, се интересирал за фотографијата за да ја омаловажи, помислувал да се самоубие затоа што весниците го зголемувале тиражот, се соочувал со вечното Зло.

Делото на овој повреден човек – поезија во стихови и во проза, уметничка и книжевна критика, интимни извадоци, сатири и памфлети – најпрво било осудено поради провокациите во него. Кратко потоа, им се придружило на класиците.

Бодлер, кој им се воодушевувал на Делакроа и на Мане, бил еден од најпроникливите набљудувачи на десакрализацијата на уметноста во модерниот свет. Денди, пријател на собирачите на партали, тој бил битие на парадоксот и на оригиналноста.

Скокајќи и потскокнувајќи, како во „Едно лето со Монтењ“, со книгава на Антоан Компањон ги препрочитуваме „Цвеќињата на злото“ и „Сплинот на Париз“. Во триесет и три поглавја, тој нè кани да споделиме еден Бодлер што останува единствен и не допушта никакво поедноставување.

ШИФРА: 273
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2020

Број на страници

172

Превод/Препев

превод од француски: Јоана Хаџи-Лега

Писател и професор на „Колеж де Франс“, Антоан Компањон е автор на повеќе дела посветени на Бодлер.

Книгата „Едно лето со Бодлер“ произлезе од серија емисии емитувани на радиото „Франс Интер“ во текот на летото 2014 година.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.