Ф

Од (автор)Даниел Келман

250,00 ден390,00 ден

Романот „Ф”, најновото дело на исклучително талентираниот млад германски писател Даниел Келман, на мошне субверзивен и нетипичен начин раскажува класична семејна приказна за семејството Фридланд.

Артур Фридланд, скептичен и неамбициозен писател, едно попладне ги води своите тројца синови на претставата на Големиот Линдеман, мајстор за хипноза, кој комплетно ќе ги промени животите на сите членови на семејството. По завршувањето на претставата, таткото ќе исчезне на 24 години. Неговите напуштени синови остануваат втурнати во вечна криза: Мартин е свештеник кој не верува во Господ, Иван е трговец со уметнички дела кој го потиснува својот сликарски талент, а неговиот близнак Ерик е бескрупулозен бизнисмен чијшто универзум се урива при финансиската криза од 2008 година, заканувајќи се да го уништи дури и физички.

„Ф” е роман за играта на судбината и светото тројство на современиот човек – парите, уметноста и религијата – но раскажан крајно необично, во вид на мистерија која станува сè позаплеткана. Келман вешто си поигрува со реалното и надреалното, при тоа сликајќи длабоки психолошки портрети на своите ликови.

ШИФРА: 137
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2016

Број на страници

294

Превод/Препев

превод од германски: Катерина Јосифоска

Даниел Келман е роден во 1975 година во Минхен, а живее во Виена и Берлин. Неговите романи се едни од најпреведуваните и најпродаваните во историјата на современата германска литература, така што Келман со право важи за вистинска ѕвезда во светот на книжевноста. За своите романи, помеѓу кои се издвојуваат „Мерење на светот” (ИЛИ-ИЛИ, 2008), „Времето на Малер”, „Јас и Камински” и „Слава” (ИЛИ-ИЛИ, 2011) добил бројни престижни награди и признанија. Неговите дела се преведени на повеќе од четириесет јазици во целиот свет. „Ф” е најновиот роман на Даниел Келман, објавен во 2015 година.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.