Каналот Мусолини

450,00 ден

Италијанскиот автор Антонио Пенаки храбро се впушта во пишувањето на романот „Каналот Мусолини“, кој може да се чита како графички приказ на италијанската социјална историја во првата половина на 20 век. Во кусиот вовед Пенаки разјаснува дека иако кланот на Перуци е плод на фикцијата, многу од настаните кои се опфатени во овој роман биле реалност за бројни тогашни семејства.

„Каналот Мусолини“ е роман кој ја опишува најмасовната принудна внатрешна миграција во историјата на земјата која следува по бонификацијата на Понтинските Мочуришта на југот од Рим, во 1930-тите години. Во 1932, Мусолини веќе почнува да ги сели првите 30.000 сиромашни земјоделци и наполичари од долината на реката По, од Фријули и од Венето во бонифицираните предели и таму започнува и со изградба на новите градови: Латина, Априлија, Помеција, Сабаудија.

Романот е подробен приказ на периодот помеѓу двете светски војни и зачетокот и доаѓањето на власт на фашизмот, како и на причините кои стојат зад процесот на бонификација и градењето на градовите во фашистичката ера. „Каналот Мусолини“ преставува фасцинантна приказна за социјалистичко–фашистичкото насилство, за тензијата помеѓу старите, традиционални земјопоседници, фашистичките лидери, сиромашните колонисти од северот и уште посиромашното локално население кое живеело во зоната зафатена од маларија на само седумдесетина километри од главниот град на Италија.

Овој роман е добитник на книжевната награда „Стрега“ во 2010 година, како и на книжевните награди „Акви Сторија“ и „Асти д’Апело“.

ШИФРА: 134
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2016

Број на страници

460

Превод/Препев

превод од италијански: Ирина Талевска

Антонио Пенаки (1950) е роден во Латина, син на колонисти кои се населиле во Агро Понтино за време на бонификацијата спроведена од Бенито Мусолини. Како момче се зачленува во десничарската партија Италијанско социјално движење, која се конституира по војната, но е избркан заради антиамерикански протести против војната во Виетнам. Оттогаш, се приклонува кон умерената левица и станува активен во Италијанската социјалистичка партија, како и во италијанските синдикати, во кои членува како повеќедецениски фабрички работник.

Во 1994 година, на 44 години, дипломира на книжевност и филозофија, а истата година ја објавува и својата прва книга „Мамут“. Меѓу поважните негови дела е „Фашикомунист“, коај во 2003 ја добива наградата „Неапол“, а во 2010 година го објавува романот „Каналот Мусолини“, добитник на книжевната награда „Стрега“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.