Напишана тишина

Од (автор)Јосип Коцев

250,00 ден

„Јосип Коцев ѝ припаѓа на најмладата македонска поетска генерација дебитирајќи со поетската збирка „Јас, Квентин Скриблер“ во 2015 година. И пред и по поетската збирка, поетот објавуваше и објавува стихови, песни и поетски мисли, пред сѐ на социјалните мрежи, па на некој начин читателите го доживуваат како поет-самотник, безгенерациски поет, во целост посветен на љубовната лирика, кој во мигот кога ја креира, и ја споделува со читателите. Моето воодушевување од првиот прочит на стиховите на Јосип Коцев трае континуирано со секоја негова нова прочитана песна. Поетскиот ракопис „Напишана тишина“ само го потврдува огромниот поетски талент на Коцев, поет каков што во историјата на една национална книжевност, буквално се раѓа ретко, и токму затоа треба да направиме сѐ за да може и да расте и да се развива на најдобар можен начин“.

Оливера Ќорвезироска

Распродадено

ШИФРА: 269
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2016

Број на страници

95

Превод/Препев

/

Јосип Коцев е роден на 25.5.1985 во Скопје. Завршил правни студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Автор е на поетската книга „Јас, Квентин Скриблер“ (2015).

Неговата поезија е објавувана во неколку македонски книжевни списанија и на германската поетска мрежа „Fixpoetry“.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.