Ништожни мали животи

200,00 ден350,00 ден

Кој би помислил дека избричените срамни брегчиња на жените можат да ги намалат фрустрациите во едно мало гратче за време на комунизмот, но во диктатура луѓето го преживуваат секојдневието токму благодарение на ваквите малечки, дофатливи радости.

Такви се и јунаците на Шандор Жигмонд Пап, кои со својата грешност, беспомошност и своите инфантилни мечти се деца на некогашниот диктатор. Живеат во една „куќичка за кукли“ на улицата Трудбеничка, покриени под стакленото ѕвоно на Чаушеску. Нивниот живот е љубов, парада, предавство и страв, и само влакно разделува сè од ништо – реченица кажана во погрешен момент, случајна несреќа или промена на расположението на агентот на тајната полиција.

Романот со вознемирувачки, но и со утешлив хумор го опишува светот на Романија пред и по транзицијата. Неговите јунаци, преку кои немилосрдно гази историјата, преставуваат фигури од крв и месо, во кои, без исклучок, до крајот на приказната ги препознаваме нашите роднини и пријатели.

ШИФРА: 102
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2014

Број на страници

390

Превод/Препев

превод од унгарски: Златко Панзов

Шандор Жигмонд Пап е роден во 1972 година во Радаути, Романија. Од 1995 година работи како новинар. Досега објавил една книга раскази и две книги есеи.

„Ништожни мали животи“ е негов прв роман.

Живее во Будимпешта.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.