Последните денови на Ханс

200,00 ден250,00 ден

Не би сакал да стекнам репутација на нихилист, јас ги сакам власта и законите исто колку и моралот. Така често си размислувам, што би правел со себеси ако не се издигнев до небото, тогаш веројатно сè би било лишено од објективно значење. Но, ми беше предодредено да допрам една половина од светот и сè што ќе допрам да биде мое. Не сакам да мислите дека сум фаталист, напротив, јас преку својата волја и интелигенција бев предодреден за таа улога. Самиот постигнав сè. И тука нема никаква случајност, сепак не сакам да звучам како детерминист. Не, не сум ни тоа. Ниту емпирист, јас немав никакво искуство пред да ги поседувам сите тие добри работи, ниту рационалист, оти и денес не се водам од разумот, туку од возвишените чувства на срцето. Отворено застанав зад желбите за моќ и доминација без никаков проблем. Не сум опортунист, не сакам да бидам погрешно сфатен. Покрај своите интереси, јас се грижев и за интересите на светот. Ниту макијавелист, бидејќи на крајот бев крајно изманипулиран и предаден. Во својата најдлабока внатрешност, јас сум плашливец, слаб и повреден човек.

ШИФРА: 171
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2019

Број на страници

137

Михајло Свидерски (Битола, 1991) е прозаист, поет, преведувач.

Автор е на збирките поезија „Низ сонот од магли и дождови“ (2013), преведена и на бугарски во издание на „Нима“ од Плевен (2013), и „Ѕвезди што спијат“ (2017). За романот „Бело и Црвено“ (2014), во издание на „Темплум“, ја добива наградата „НОВИТЕ“ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Романот „Бело и Црвено“ исто така е објавен на бугарски јазик, во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија во 2016 година.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.