Растроена жена

Од (автор)Јулија Франк

200,00 ден420,00 ден

„Она што е суштинско, вели една поговорка, не може да се види, тоа е невидливо и достапно му е само на срцето. Кај Јулија Франк може буквално да се фати во рацете, да се помириса. „Растроена жена “ е голем роман за молчењето“.

Едо Рентс, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

„Дури и кога во книгата се зборува за злоупотреба, измачување и силување, за трупови, секс, смрт и раѓање, за светските војни, еутаназија и убивањето на Евреите – јазикот на Јулија Франк никогаш не ја губи сталоженоста“.

Тобијас Ритер, Франкфуртер Алгемајне Зонтагцајтунг

„Јулија Франк е писателка која умее да раскажува и ова одново го докажува со својот нов роман „Растроена жена.“ Таа се обидува да го прикаже згаснувањето и замрзнувањето на еден лик, кој не може да стане она што сака да стане, бидејќи времето не го дозволува тоа“.

Ута Бајкифнер, Берлинер Цајтунг

ШИФРА: 82
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2013

Број на страници

390

Превод/Препев

превод од германски: Ксенија Чочкова

Јулија Франк е родена 1970 година во Берлин. Студира историја на древна Америка, понова германска книжевност и филозофија. Во 1997 е објавен нејзиниот прв роман „Новиот готвач“. Потоа следат „Слуги на љубовта“ (1999), „Непријатно слетување. Приказни за допирањето“ (2000).

За романот „Растроена жена“ ја доби престижната „Германска награда за литература“ за најдобар роман од германското јазично подрачје во 2007 година.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.