Шрапнел

Од (автор)Игор Анѓелков

350,00 ден

Второ издание

Во овој постмодерен роман, авторот ги истражува суптилните односи меѓу историјата, личната меморија, односите со саканите и социјалните околности кои влијаат врз емоционалното и приватното. Во него ќе го најдете ритамот на градот составен од непотпишани книги, фудбалски натпревари, потенцијални срцеви удари, отуѓени сопружници и остарени родители. Конечно – во него лежи очајната потрага по вечните прашања за смислата, љубовта и смртта.

„Одличен роман! Издржан, непосреден, а питок, но не во смисла на боза, туку јегер кој ти помага полесно да го свариш овој наш свет“. Снежана Стојчевска

„Романот „Шрапнел“ е пример како треба да изгледа нашата современа проза. Ова е лектира за сите пишувачи, вклучувајќи ме и мене. Во присутното да внесеш фикција, а не обратно, и да плукнеш ко што е редот, како шаржер испукан во секој од нас. Треба да си дозволиме да не’ раскопа малку по еден шрапнел. Се радувам што најмалку по една деценија се појави роман со вредностите на македонската современа проза. Конструкција на реченици, должина, придавки, вербализам, дијалози, преклопување, спојување, неусетност, пораки помеѓу, поздрави и кажување директно в очи… Сепак, треба да се јави критичар од мајка роден кој ќе зборува гласно за тоа што е добро, а што средно и просечно во нашата литература“. Цветанка Колева

ШИФРА: 181
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2020, 2024

Број на страници

177

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со години наназад активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста… Неговите текстови можат да се прочитаат на блог-сајтот „herojnaedenden.mk“.

Официјалното книжевно деби го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“, a потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013), кој беше финалист за „Рациновото признание“. Анѓелков зад себе има и две дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, и „Филмски град“ (2018).

„Шрапнел“ (2020) е негов трет роман, реиздаден во 2024 година.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.