Светот

150,00 ден299,00 ден

Ништо не е поблиско до нас самите од приказната напишана од Хуан Хосе Милјас. Истовремено ништо не е поизненадувачко, полно со напнатост, со невообичаени ефекти и апсурдни ситуации кои се испреплетуваат со неумолива логика: логика на хаосот, носталгија за загубеното чувство на единство, катастрофална потреба да се живее во апокалипса.

Романот „Светот“ предизвикува задоволство благодарејќи на ефикасната и прецизна проза, го поведува читателот да се забавува, но истовремено потврдува дека светот е, несомнено, непријателско место во кое сите се прилагодуваме онака како што умееме.

ШИФРА: 77
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2013

Број на страници

190

Превод/Препев

превод од шпански: Ирина Талевска

Хуан Хосе Милјас (1946) е роден во Валенсија. Творештвото го започнува во 1974 год. со деби-романот „Кербер се сенките”. Автор е на следниве романи: „Нередот на твоето име”, „Визијата на давеникот”, „Празната градина”, „Самотијата е ова”, „Враќање дома”, „Мртва буква”, „Азбучен ред”, „Две жени во Прага или Лаура и Хулио”.

Милјас е творец на т.н. „articuentos“, критичка литература на границата меѓу новинарски напис и расказ, која третира општествени теми, размисли или проблеми кои се јавуваат во меѓучовечките односи.

Добитник е и на книжевните награди „Сесамо”, „Надал” и „Примавера”, а за романот „Светот” ја добива наградата „Планета” во 2007 година.

Редовно пишува репортажи и написи во дневниот весик „Ел Паис” и во весниците на групацијата „Пренса Иберика”, за што добива и значајни награди.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.