Варијации на магичниот реализам

100,00 ден200,00 ден

Книгата се занимава со специфична и не толку позната тема кај нас која ја проследува појавата на магично-реалистичната нарација во светски и македонски рамки, нејзината концептуализација, варијабилност и типологизација. Поаѓајќи од историјатот на терминот магичен реализам, кој се појавува во раните дваесети години на минатиот век и паралелното и взаемно фигурирање на чудесното и реалното, се открива суштината на овој комплексен и суптилен феномен.

Авторката се труди да го разјасни концептот на магичниот реализам преку неговите допирни релации со други блиски поетики и области (особено оние кои го имплицираат присуството на чудесно) како надреализмот и фантастиката. Посебно внимание му се посветува на присуството на реализмот во магичниот реализам, кој е дефиниран како стремеж кон подобрување на реалистичната нарација…

 

„Варијации на магичнот реализам во светскиот и македонскиот роман“ од Фросина Пармаковска претставува успешен обид за доближување на концептот на магичнореалистичната нарација на македонската научна јавност. Посебен придонес претставува, предложената сопствена систематизација и типологизација, која говори за една прецизност, акрибичност и посветеност на материјата која се обработува.

д-р Јасмина Мојсиева-Гушева

ШИФРА: 261
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2015

Број на страници

163

Превод/Препев

/

Фросина Пармаковска (1985) дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, културолошки студии.

Ги има објавено романите „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура, 2013) и „Вишнова хроника“ (ИЛИ-ИЛИ, 2014) со кој влегува во финалниот избор за наградата „Роман на годината“ на Утрински весник и е преведен на бугарски и украински јазик.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.