Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2017 |
Број на страници | 544 |
Превод/Препев | превод од германски: Катерина Јосифоска |
заштеди
170,00 денВо камен
250,00 ден420,00 ден
„Во камен“ е роман за проституцијата во еден голем, неименуван град во Германија, која започнува во 80-те години, во ерата на поделеноста на земјата, а продолжува сè до денешно време. Маер мошне храбро гради експерименталнa приказна со речиси халуцинантни техники на тек на свеста, постојано менувајќи ја перспективата на нараторите и изневерувајќи го читателот. Раскажувањето тече во секвенци низ кои времето специфично се менува и настаните функционираат на ниво на слики, претстави и гласови, кои доминираат над ликовите и класичното раскажување. „Во камен“ е роман кој се нурнува во „хипер реалност“ полна со чудни гласови и ужасни настани, а која всушност е само една морничаво прецизна претстава на неолибералниот капитализам.
Клеменс Маер е роден 1977 година во Хале. Автор е на бројни прозни текстови и сценарија, а пишува и драми и новинарски колумни. Добитник е на повеќе германски книжевни награди и стипендии, а за збирката раскази „Ноќ, светилки“ е награден на Саемот на книгата во Лајпциг во 2008 година.
Во 2006 година го објавува романот „Кога сонувавме“, а во 2010 година книгата со автобиографска проза „Сили“. За сценариото за филмот „Во ходниците“, кое се темели врз негов краток расказ, Маер заедно со Томас Стубер во 2015 година ја освојува „Наградата на германските сценаристи“.
За својот роман „Во камен“ (2014) ја добива „Книжевната награда на градот Бремен“.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.