(Видео) Трилогија за непослушноста – Ивана Сајко

(Видео) Трилогија за непослушноста – Ивана Сајко

Едиција „Сцена“ превод од хрватски јазик: Владимир Јанковски Книгата „Трилогија за непослушноста“ од Ивана Сајко ја сочинуваат три драми и еден краток драмски текст. ИЛИ-ИЛИ, Ваше право на добра КНИГА #CreativeEurope4Books

Драмите на Ивана Сајко прв пат на македонски јазик

Драмите на Ивана Сајко прв пат на македонски јазик

Драги читатели, Во едицијата „Сцена“ деновиве излезе книгата „Трилогија за непослушноста“ која содржи три драми од наградуваната хрватска писателка, режисерка и драматург Ивана Сајко, во превод на Владимир Јанковски. Книгата е дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Ивана Сајко е една од најпреведуваните современи хрватски авторки, чии драми редовно се поставуваат на европските театарски […]

„Европската награда за литература“ за Петар Андоновски

„Европската награда за литература“ за Петар Андоновски

Со задоволство Ве информираме дека македонскиот писател Петар Андоновски е добитник на наградата за литература на Европската унија за 2020 година. Во потесниот избор за наградата влегле 47 автори од 13 европски земји. Досегашни добитници на наградата за литература на ЕУ се Гоце Смилевски во 2010 за делото „Сестрата на Зигмунд Фројд“,  Лидија Димковска во […]

Документарен филм „Еуропеана“

Документарен филм „Еуропеана“

Погледнете го документарниот филм како заокружување на нашиот тригодишен проект „Еуропеана“, за важноста на современата европска литература и нејзиното влијание врз локалната книжевна сцена, со изјави од македонски писатели и преведувачи, но и од европските автори, кои во изминатите години беа наши и Ваши гости.  

Промоција на „Крајот“ од Атила Бартиш

Промоција на „Крајот“ од Атила Бартиш

На 25 август во „Ла Кања“ го промовиравме интригантниот роман „Крајот“ во присуство на авторот Атила Бартиш. Еве видео запис за сите оние кои ја пропуштија оваа фина книжевна вечер во чаршија. Преводот и промоцијата на книгата се дел од проектот „Креативна Европа“ на ЕУ.

Промоција на „Род“ од Миљенко Јерговиќ

Промоција на „Род“ од Миљенко Јерговиќ

Драги читатели, Ви благодариме за присуството во голем број на 22 август во „Ла Кања“ во Скопската чаршија,  на промоцијата на романот „Род“ од авторот Миљенко Јерговиќ. Во продолжение видеото од настанот за оние кои го пропуштија, но пред тоа, уште едно потсетување на основните работи за овој magnum opus на популарниот писател. *** „Род“ […]

Португалскиот писател Бруно Виејра Амарал во Скопје

Португалскиот писател Бруно Виејра Амарал во Скопје

На 03 јуни, како дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ, наш и Ваш гостин во Скопје беше талентираниот португалски писател Бруно Виејра Амарал. Преводот на неговиот одличен роман „Првобитните нешта“ наиде на одличен прием кај домашните читатели. Повелете видео од промоцијата.

Промоција на „Малите прсти“ од Филип Флоријан

Промоција на „Малите прсти“ од Филип Флоријан

На 09 јуни во „Ла Кања“ се случи промоцијата на романот „Малите прсти“ од Филип Флоријан. Ова е прв превод од романски на македонски јазик во нашата и Ваша едиција „Проаза“, дело на Ермис Лафазановски, кој беше и промотор на книгата во присуство на авторот. Дејствието на романот, окарактеризирана како дело со оригинален нов јазик, […]

Кристина Тот во Скопје

Кристина Тот во Скопје

На 10 август во Скопје гостуваше унгарската писателка Кристина Тот, чиј превод на романот „Аквариум“ го промовиравме во Скопската чаршија, како дел од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Ова не е прво нејзино гостување во нашиот град, претходно ја промовиравме нејзината одлична збирка со раскази „Пиксел“. Повелете видео запис од настанот.

Промоција на „Готленд“ од Мариуш Шчигел

Промоција на „Готленд“ од Мариуш Шчигел

На 25 август поминавме прекрасна вечер во чаршијата, промовирајќи ја книгата „Готленд“ во присуство на авторот Мариуш Шчигел. Преводот од полски на македонски јазик е на Лидија Танушевска, книгата на славниот полски автор ја промовираа Сашо Кокаланов и Ѕвездан Георгиевски, а за изборот на музиката беше задолжен Шурбе. Преводот и промоцијата се дел од програмата […]

0
    0
    Кошничка
    Вашата кошничка е празна