Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | / |
Број на страници | / |
Превод/Препев | / |
Олга
390,00 ден
„Шлинк беше и остана автор за читатели кои сакаат интелигентно раскажани приказни. Таквите читатели нема да бидат разочарани од Олга“.
Tages-Anzeiger, Zurich
„Во овој возбудлива роман Бернхард Шлинк ги оживува последните траги на една неисполнета љубов, со неговиот препознатлив печат – софистицираната носталгија“.
Le Nouvel Observateur
„Со овој роман авторот на бестселерот „Читачот“ им оддава признание на сите жени кои биле потиснати во своето време и кои можеле да извршат големи дела“.
Vocable, Maubeuge
Бернхард Шлинк (1944 г. Билефелд, Германија) е правник, професор и еден од најзначајните писатели од поновата германска литература. Тој ја започнува својата писателска кариера со крими-романи, за кои добива повеќе награди. Во еден од неформалната крими трилогија, „Гордиевата врвка“, можат да уживаат и македонските читатели.
За својот прв роман со некриминална тематика, „Читачот“, кој е преведен на повеќе од 50 јазици, Шлинк ги добива наградите Hans-Fallada-Preis, италијанската награда за литература Grinzane Cavour, како и наградата на Франција за преводна литература Prix Laure Bataillon. Како круна на успехот, романот стигнува до првото место на листата на најпродавани книги на Њујорк Тајмс.
ИЛИ-ИЛИ ги објави и прозните остварувања на Шлинк кои следеа: романите „Враќање дома“, „Викенд“, „Жената на скалите“, како и збирките раскази „Бегства од љубовта“ и „Летни лаги“.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.