Цут на цреша

250,00 ден

Марк Нгијен, инженер кој работи за Армијата на САД, никогаш не се интересирал за своето минато. Но, кога неговата адоптивна мајка умира и кога неговата жена му открива дека е бремена нема друг избор освен да ја разоткрие тајната на своето потекло.

Од Бостон до Хо Ши Мин-Вил, од Лос Анџелес до Монтреал, Марк го минува, но сега, во обратна насока, животниoт пат којшто е зацртан за него и „кој знае што прави“, како што изјавува, неговиот адоптивен татко.

На 24 јуни, на денот на неговиот триесет и осми роденден, на аеродромот во Монтреал, тој има средба со тајната на своето постоење.

Во овој интимен трилер, лирската проза на авторката побудува едно размислување за идентититот и наследството.

ШИФРА: 191
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2020

Број на страници

129

Превод/Препев

превод од француски: Филип Илиев

Алина Апостолска е родена 1961 година во Скопје. Најголем дел од животот го поминала во Париз, а од 1998 година живее во Монтреал, Канада.

Историчарка по образование, таа работи како новинар во доменот на културата, но исто така и како издавач, предавач и организатор на настани.

Има објавено околу триесетина книги за млади и возрасни. Нејзиниот роман „Едно лето од љубов и пепел“ ја доби наградата на генералниот гувернер на Канада.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.