„ – Брат, доаѓам, нема да закасниме – ја уверуваше Кло својата другарка која пред само три дена наполни 17 години.
Џони веќе петнаесетина минути беше на автобуската станица каде што беше пристигнат туристичкиот автобус, и луѓето од нивната група која требаше да замине на море полека, но сигурно се собираа околу возилото што требаше да ги однесе во Грција“.
Во романот „Дријади“ главни протагонистки се три средношколки, три другарки кои по прославата на роденденот тргнуваат на својот прв заеднички летен одмор на море. Решени да не лудуваат, туку да поминат еден мирен и „пензионерски“ одмор во соседството, тие неочекувано наидуваат на случки и ситуации на кои на почетокот не им придаваат значење, за потоа, како дејствието се развива и се згуснува, сѐ да почне да се отплеткува пред нивните очи. Умешно вметнувајќи елементи од митологијата на случувањата во сегашноста, книгата ја скокотка фантазијата и се чита со задоволство.
Затоа, „Дријади“ е вистински погодок!!!

КРЕАТИВНА ЕВРОПА







