Есента на животот

399,00 ден

Во новиот роман на Шлинк, 76-годишниот Мартин се соочува со немилосрдна дијагноза: му остануваат уште само неколку месеци живот. Неговата најголема грижа не е самиот крај, туку оние што ги остава зад себе – младата сопруга и малиот син. Во обид да пренесе нешто што ќе трае подолго од неговото присуство, Мартин започнува да пишува писмо – водич низ животот, исполнет со размисли за љубовта, верата, потеклото и смислата. Но, додека се обидува „сè да направи како што треба“, животот и понатаму го изненадува со нови предизвици и вистини што не може да ги избегне.

Со својот препознатлив јасен и длабоко човечки стил, Шлинк создава трогателна и мудра приказна за простувањето, семејството и уметноста да се живее – дури и кога времето истекува.

ШИФРА: 248
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

187

Година на издавање

2026

Превод/Препев

превод од германски: Ксенија Чочкова

Бернхард Шлинк (1944г. Билефелд, Германија) е правник, професор и еден од најзначајните писатели од поновата германска литература. Тој ја започнува својата писателска кариера со крими-романи, за кои добива повеќе награди. За својот прв роман со некриминална тематика, Читачот, кој е преведен на повеќе од 50 јазици, Шлинк добива бројни награди и признанија. Потоа ги објавил  романите Враќање дома, Викенд, Жената на скалите, Олга, Внука, како и збирките раскази Бегства од љубовта, Летни лаги и Боите на разделбата.

Есента на животот е неговиот најнов роман.