Готленд

Од (автор)Мариуш Шчигел

350,00 ден

„Готленд“ е трогателна приказна за критичкиот ум под стегите на комунистичкиот режим, соочен со апсурдни ситуации, додека приватниот живот перверзно бил искористуван од властите, со цел да биде замолчен.

Главните ликови на „Готленд“ се: основачот на познатата фабрика за чевли „Бата“, славниот естраден пејач Карел Гот, љубовницата на нацистот Гебелс, скулпторот на најголемиот споменик на Сталин во светот, внуката на Кафка, која им го давала своето име на користење на автори ставени на црна листа во комунистичкиот режим за да може и понатаму да издаваат, младото момче кое се самозапалува по угледот на Јан Палах, 30 години по неговата смрт, познатиот чешки драматург Јан Прохаска и многу други.

Книгата има одлична композиција, произлезена од повеќегодишни истражувања, разговори, посети и пишани материјали. Овие репортажи честопати наликуваат на есеи и на раскази. Тоа е продолжение на полската традиционална школа на литературна репортажа, која претставува мешавина на факти, добро изградени ликови, поетски наратив и артистичка рефлексија на одредени настани и ситуации.

Заснован на минуциозни истражувања и стотици интервјуа со сите, од филмски работници, писатели и поп-ѕвезди до обични граѓани, „Готленд“ претставува калеидоскопски приказ на еден истраен народ што преживува тежок, а честопати и бизарен период – подеднакво смешен, вознемирувачки, возбудлив и апсурден, со еден збор… кафкијански.

Out of stock

ШИФРА: 127
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2016

Број на страници

246

Превод/Препев

превод од полски: Лидија Танушевска

Мариуш Шчигел, роден во 1966 г., полски новинар и писател, добитник на „Европската награда за литература“ во 2009 г.

Има објавено шест книги: „Неделата која се случи во среда“ (1996), „На секоја тема – ток шоу за читање“ (заедно со Витолд Ожеховски, 1997), „Готленд“ (2006), „Каприсче. Женски приказни“ (2010), „Направи си рај“ (2010) и „Небесна љубов“ (2012). Освен тоа, има објавено бројни репортажи во различни антологии.

Во 2014 г. е одликуван со една од највисоките награди – „Орденот на полската преродба“ од Претседателот на државата, Броњислав Коморовски.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.