Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2017 |
Број на страници | 205 |
Превод/Препев | превод од романски: Ермис Лафазановски |
заштеди
149,00 денМалите прсти
150,00 ден299,00 ден
Дејствието на романот „Малите прсти“ на Филип Флоријан, окарактеризиран како дело со оригинален нов јазик, се случува во еден малечок град во Романија, во кој е откриена масовна гробница покрај една римска тврдина. Прашањето кое сите си го поставуваат е дали се работи за жртви на средновековието или за безимени мртви од времето на комунизмот? Младиот археолог Петруш решава да ги преземе работите во свои раце и да ја расветли мистеријата која сите ги измачува.
Во кратки црти, во овој возбудлив роман од двесте страници авторот успеал на едно место да ги спакува вистинската историја, верскиот аџилак, водењето на кривична постапка, рецептот за печење на гулаби, и секако, љубовната приказна. Антологиски!
Филип Флоријан е роден на 16 мај 1968 година во Букурешт, каде студирал геологија и геофизика. Во 90-те години работи како новинар и уредник во различни медиуми, меѓу кои и како дописник на „Радио Слободна Европа“ и „Дојче веле“ од Романија.
Неговиот прв роман „Малите прсти“ во 2005 година беше прогласен за „Најдобар дебитантски роман“ во матичната земја, а награда му доделија и колегите од романското Друштво на писатали, по што следеше и интернационален успех и превод на романот на десетина европски јазици.
И неговите следни романи наидоа на топол прием и кај публиката и кај критичарите, повторно носејќи му на Флоријан неколку национални и интернационални награди. За себе вели дека ја изгубил надежта дека еден ден повторно ќе има коса, дека ќе може да отспие повеќе од 3-4 часа ноќе, и дека некогаш ќе се откаже од цигарите.
Живее и работи во Букурешт.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.