Малку

Од (автор)Хакан Ѓундај

250,00 ден390,00 ден

„Малку“ е приказна за две 11-годишни момче и девојче со исто име, Дерда, чија судбина на крајот ќе ги спои, и покрај турбулентните животни приказни низ кои ќе поминат.

По нивната прва, случајна средба на гробиштата, каде Дерда е присилена да прави нешто што не и се допаѓа, а Дерда наивно и приоѓа за да и ги измие рацете, нивните животни судбини се упатуваат во сосема различни насоки, при што онаа на девојчето Дерда од неа ќе направи препознатлива ориентална икона во перверзен контекст, а онаа на момчето од него ќе создаде убиец во име на идеалите на сите обесправени во овој бескомпромисен свет.

Без влакна на јазикот, авторот Хакан Ѓундај раскажува провокативна приказна за насилството од А до Ш, за суровоста на животот, за интензитетот на љубовта, сето тоа низ сериозен јазик, кој на главните ликови на крајот им дозволува да ги скршат ѕидовите околу нив и конечно да се пронајдат себеси во Другиот.

ШИФРА: 75
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2013

Број на страници

306

Превод/Препев

превод од турски: Асуде Кочан

Хакан Ѓундај е роден на островот Родос во 1976 година, а денес живее и работи во Истанбул. Основното образование го завршил во Брисел, средното во Анкара, а дипломирал на универзитетот „Хачетепе” на отсекот за француска литература и превод.

Ѓундај во 2000 година ги продолжува студиите на Факултетот за политички науки на универзитетот во Анкара, кога влегува и во книжевните води со својот деби роман. Денеска неговата библиографија брои вкупно седум романи, меѓу кои за најуспешен се смета „Малку“ (2011), преведен на десетина европски јазици, книга која на Саемот на книгата во Истанбул беше прогласена за „Роман на годината“ во Турција.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.