Нешто трето

330,00 ден

„Расказите на Максим Ристески кријат комплексни светови и длабоки пораки за промените кои се случуваат во духовната стварност, а кои без сомнение ќе бидат предизвикувачки за македонската читателска јавност. Обликувани во јасен, богат и сликовит израз, со обмислени и динамични реченици и внимателно селектиран избор на зборови, расказите од оваа збирка на Ристески се потврда за стилската особеност и дарба на овој раскажувач, кој допрва треба да биде вистински препознаен од критиката и публиката“.

Ана Мартиноска

ШИФРА: 236
Едиција:
Автор/ка

Број на страници

166

Година на издавање

2025

Максим Ристески (Скопје, 1973) со пишување се занимава повеќе од 30 години, и како новинар, копирајтер, текстописец, сценарист… Бил музичар, а продолжува да се занимава и со ликовна уметност. „Нешто трето“ му е прва збирка раскази, по романот „Пештера“.