Нежно… навистина нежно

Од (автор)Вуди Ален

333,00 ден

И тоа се случи! Прозата на генијалниот Вуди Ален за прв пат на македонски јазик. Иако невротичниот Њујорчанец го препознаваме пред се по неговиот автентичен филмски јазик, сепак, неговата ‘луда потреба постојано да создава, бидејќи доколку си седи мадро, ќе полуди’ се состои и од многу напишани страници со раскази, кои, на некој начин, се дури и пооткачени од неговите филмови.

Пред вас е изборот од 20 приказни, поместени во неговите три збирки раскази: „Израмнување на сметките”, „Без пердуви” и „Несакани дејства”, кои со својот несомнен хумор со сигурност ќе го разбудат заспаниот намќор во вас.

Со среќа!

Распродадено

ШИФРА: 13
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2007

Број на страници

180

Превод/Препев

превод од англиски: Ацо Пероски

Вуди Ален е познат филмски и театарски режисер и актер. Покрај многубројните сценарија за филмови, автор е на неколку драми кои со голем успех се изведуваат насекаде низ светот.

Негови најпознати драмски текстови се: „Водата не е добра за пиење“ (1966), „Отсвири го тоа повторно, Сем“ (1969), „Лебдечката светилка“ (1981) и „Централ Парк Запад“ (1995).

Ален е автор и на три прозни збирки: “Израмнување на сметките§ (1971), “Без пердуви§ (1975) и “Несакани дејства“ (1981), кои содржат раскази, афоризми и кратки драми пишувани помеѓу 1960 и 1980 година.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.