Првобитните нешта

175,00 ден350,00 ден

Во својот прв роман „Првобитните нешта“, Бруно Виејра Амарал се навраќа во замисленото маало Амелија, кое се наоѓа на јужниот брег на реката Тежо, во Вале да Амореира, во регионот Сетубал, каде што самиот тој пораснал, и од каде што секојдневно го гледал градот Лисабон, токму отаде брегот од другата страна на Тежо. Имено, делото комуницира со биографијата на Амарал, но, самото по себе не е автобиографско.

Во нарацијата на романот, авторот го напушта тоа маало пред речиси десед години и тоа заминување е своевидна победа со која се оддалечил од трошните и сиви згради на сиромаштијата и општествената изолација и исклученост. Но, по низа животни порази, развод, невработеност, очај, револт, болка, сега се враќа на истото место, живее со мајка му и се соочува со свет кој, не само што не го препознава туку и не постои повеќе онаков каков што го оставил.

Самото негово враќање во родното место, речиси одисејски, го означува и започнува со неговиот конфликт со минатото, но, конечно, елегичниот крај му ги отвора портите на ослободувањето од бремето на меморијата, каде што тој ги препознава вистинските првобитни, некогашни, први нешта.

ШИФРА: 150
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2017

Број на страници

309

Превод/Препев

превод од португалски: Наташа Сарџоска

Бруно Виеjра Амарал (1978) e писател, книжевен критичар и преведувач од Португалија. Дипломирал современа историја на Универзитетскиот институт во Лисабон. Во 2002 година учествува на „Државната изложба на млади поети“ во Португалија. Соработувал со разни книжевни списанија и зборници и автор е на разни блогови. Работел како автор, преведувач и книжевен критичар на изданието „Водич низ 50-те ликови на португалскиот расказ“. Уредник е на списанието за книжевност ЛЕР и одговорен е за комуникации на книгоиздавателството „Групо Бернард“.

За романот „Првобитните нешта“ во 2013 ги добил наградите „Книга на годината“ на списанието „Тајм Аут“, наградата „Фернандо Намора“, како и ПЕН наградата за проза. Освен тој роман, ги објавил и „Водич низ 50-те ликови на португалскиот расказ“ (2013) и „Денес ќе бидеш со мене во рајот“ (2017).

Добитник е на престижната португалска награда за книжевност „Жозе Сарамаго“. Прогласен е за еден од десетте „Нови книжевни гласови на Европа“ за 2016 година.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.