Тринаесеттиот месец

400,00 ден

Лена се ѕвери во него неколку секунди, а потоа со сериозен израз на лицето заминува кон црквата. Господи, зошто ми ја испрати, си мисли Владимир дури ја гледа како заминува, што треба да значи нејзиното доаѓање и дали никогаш за тоа нема да добијам одговор, како што никогаш не ми одговори како е возможно да ја најдам оваа црква во зима, како е возможно по првото преспивање да се разбудам во пролет, која, еве, сè уште трае, а Господи?

Два месеца бесмислено поминати низ Софија. Уште не сум отишол во Македонија, таа е полна со фронтови, три војски се тепаат. Велат, таму е пеколот. Ако е таму пеколот, тогаш за мене софиските улици се досадата пред пеколот. Што да прави човек кога не пишува идиотски извештаи, кога не лежи врз балкански курви? Нема што да прави, освен да скита по улици и да пуши турски хашиш. Турците ги истераа, хашишот си го задржаа. Јас ретко го пушам, ме одвојува од реалноста, тоа не ми се допаѓа. На Балканот мора секогаш да си на штрек. Не знаеш кој ќе те нападне, не си сигурен на кого ќе треба да му го извадиш скалпот. Јас си најдов како да го трошам своето време.

Дури мине ова кусо време напнатост на средина од сцената, да ти објаснам нешто Јована. Родителите и нивната проекција на сопствените фрустрации врз децата. Можеби сум премногу паметна за своите години, а можеби сум само полудена во главата, болна во умот и сеедно ми е, ама во тоа сум убедена. Родителите и нивниот кретенски став кој почнува со прашањето, зошто ми го правиш ова. Ти си се опијанил, си скршил глава некаде, имаш воспаление на градите, а тие со тоа нивното, зошто ми го правиш ова дете? За да ти го направам животот пекол, кретену, така посакувам да одговорам на тоа.

ШИФРА: 70
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2012

Број на страници

520

Александар Русјаков е роден на 9-ти август 1977-та година во Велес, Македонија. Дипломираше на Факулететот за драмски уметности со серискиот филм „Приказни за љубовта и свршувањето“. Еден е од авторите на анимираната хумористична серија „Еднооки“. Досега ја има објавено поемата „Недовршена љубовна приказна“ во списанието „Разгледи“.

Збирката раскази „Ме сакаш ли под дождот“ (ИЛИ-ИЛИ, 2010) е негова прва книга, а “Тринаесеттиот месец” негов прв роман

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.