Улица

Од (автор)Бији Банделе

200,00 ден390,00 ден

Во овој незаборавен роман, Бији Банделе на уникатен начин ја отсликува атмосферата на современиот мултикултирен живот во Англија. Во „Улица“ живеат повеќе фасцинантни, несекојдневни ликови чиишто животни приказни се преплетуваат во една необична приказна за урбаниот надреализам на секојдневното живеење. Она што ги обиединува сите тие чудни и смешни ликови се нивните неуморни обиди да допрат еден до друг, надевајќи се дека така ќе најдат малку љубов.

„Улица“ е интересна, луда и сложена приказна, која варира од црна комедија, па сè до пародија на сентиментална мелодрама. Со својот специфичен, забавен и комичен начин на раскажување, кој е длабоко втемелен во африканската фолклорна традиција, Банделе создава прекрасен роман по примерот на големите мајстори на магичниот надреализам.

ШИФРА: 38
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2010

Број на страници

258

Превод/Препев

превод од англиски: Калина Јанева

Бији Банделe е нигериски романсиер и драматург кој живее и работи во Лондон. Роден е во 1967 година во Кафанчан, северна Нигерија, област претежно населена со муслиманското население Хауза. Неговите родители биле припадници на племето Јоруба, христијани. Татко му учествувал во Бурманскиот поход кога Нигерија сè уште била дел од Британската империја и му послужил како инспирација за неговиот последен роман од 2007, „Бурманче“.

Автор е на неколку романи, меѓу кои: „Човекот од Недојдија“ (1991), „Милосливиот погребник: и други соништа“ (1991) и „Улица“ (1999). Како драматург соработува со престижни англиски театри, а пишува и за радио и за телевизија.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.