Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2006 |
Број на страници | 175 |
Превод/Препев | превод од англиски: Румена Бужаровска |
Животот и времињата на Мајкл К.
300,00 ден
Добитник на Букеровата награда, романот на нобеловецот Џ.М Куци „Животот и времињата на Мајкл К“ се одвива во Јужна Африка за време на војната во ерата на апартхејдот. Мајкл К, повлечен и осамен градинар, роден со зајачка усна и уште од мал исмејуван и неприфатен поради физичката непривлечност и умствената бавност, решава да и’ помогне на својата болна мајка и да ја одведе на фармата од нејзиното детство, подалеку од војната во градот. По пат мајка му умира, а тој продолжува да ја бара фармата, носејќи ја со себе пепелта на мајка си.
Обидувајќи се да избега од луѓето, од насилствата и ужасот на војната и воените логори, но не секогаш успешно, преживува сам во опустошените и напуштени предели на Јужна Африка. Неговиот најголем непријател не е природата која тој како градинар успева да ја скроти, туку агресивноста и десктруктивноста на човекот.
Овој роман, незатруен од политички поенти, полн со длабоко потресни и лирски сцени, зборува за односот на човекот кон општеството воопшто, но и обратно.
Out of stock
Џон М.Куци е роден 1940 година во Кејптаун, Јужноафриканска република. Високото образование го стекнал во родниот град, а постдипломските студии ги продолжил во САД, каде долго време работел како професор на повеќе Универзитети.
Куци на светската јавност и е познат по романите „Чекајќи ги варварите” (1980), „Животот и времињата на Мајкл К” (1983), за која ја добива престижната Букерова награда, како и по романот „Срамота”, кој исто така му ја носи Букеровата награда, со што станува единствен автор кој двапати го добил ова угледно признание.
И како врв на својата писателска кариера, во 2003 година на Куци му е доделена Нобеловата награда за литература, всушност, за севкупното негово творештво, во кое романот „Животот и времињата на Мајкл К” зазема значајно место.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.