Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2020 |
Број на страници | 343 |
Витезот и византијката
390,00 ден
„Се радувам за професорот. Изгледа навистина најде во неа достоен соговорник. Таа толку го инспирира, што сигурно се почувствувал млад. Впрочем, младоста не е прашање на телото, туку на духот, како што знаел и Ниче. Што велите“, се насмеа Јоханес.
„На кого мислиш“, го праша расеаниот Витез.
„Ах, Даниел! Не се прави дека не знаеш за кого зборуваме! За Византијката!“
Кица Колбе (1951) студирала филозофија на универзитетите во Скопје и Белград. Магистрирала на естетиката на Теодор В. Адорно, а докторирала на германската естетика од 18-от век. Неколку години работела на катедрата за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1990-тата се посветува целосно на прозата, особено на романот.
Нејзини дела се: „Егејци“ (Култура, 1990), „Снегот во Казабланка“ (Издавачки центар Три, Скопје, 2005 –п рво издание, Магор, Скопје, 2007- второ издание), Жените Гаврилови (Табернакул, Скопје 2008) Река во наследств, Ein Fluss als Erbe, ( Скопје и Лангенфелд, 2009) Земја на бегалци (Или-Или, Скопје, 2018).
Снегот во Казабланка е добитник на наградата Роман на годината 2006 а Жените Гаврилови во 2009-та беше македонска номинација за наградата Балканика.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.