Дневна соба

100,00 ден150,00 ден

Дневна соба на Јана Лозаноска претставува возбудливо четиво за длабокиот процес на човековото внатрешно растење, за потребата од постојаното понирање во внатрешниот свет како начин на расоблекување на душата и нејзино ослободување од слоевите на стравовите, неискреноста но и удобноста на надворешниот свет како пречки кои го затемнуваат повторното раѓање, светењето на личниот, интимен и длабок човечки свет. Преку вкрстувањето на постапките на монологот и дијалогот и преку вештото ослонување на визуелните области на сликарството и фотографијата авторката ги креира, расне и оспособува своите четири лика во современи носители на оригинални примери за преиспитувањето и осознавањето во процесот на човековото будење. Ваквата книжевна постапка на Јана Лозаноска успешно нивелира во структуралната, содржинската, книжевно-јазичната и естетската хармонија на делото, а сето тоа заедно го отелотворува возбудливиот, слоевит и примамлив ракопис насловен Дневна соба“.

Софија Грандаковска

ШИФРА: 110
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2015

Број на страници

82

Јана Лозаноска e родена 1978 година во Скопје. Моментално живее и работи на ООН Универзитетот за Мир, во латинска Америка (Костарика) на нејзината докторска дисертација во областа на меѓународно право и човекови права.

Пишувањето на македонски јазик за неа е единствената врска со Македонија. Поранешна колумнистка во неколку македонски печатени весници. Потекнува од сликарско семејство, и оттука нејзиниот интерес кон визуелната уметност.

Има издадено две печатени збирки поезија: „Момент[на] Инспирација” (2010, Макавеј) и „Изложба” (2011, Антолог). „Срцемелник” (2012) е нејзино експериметнално онлајн издание, a застапена e и во две збирки поезија: „ПОЕ:ТРИ” (2011) и „Антологија на млада авангардна поезија” (2012).

„Дневна соба“ е нејзин прв прозен ракопис.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.