Комунистот Монте Кристо

Од (автор)Ноеми Сечи

200,00 ден480,00 ден

Историскиот роман има голема традиција во унгарската и европската книжевност. Но дали е можно евоцирање на минатото со помош на сатира и иронија? Се чини дека после овој семеен роман на младата писателка Ноеми Сечи, тоа воопшто не е неможно. Авторката со прикажувањето на животот на „својот прадедо“ го води читателот низ бурните настани на унгарската историја меѓу 1919-1957 година. Тој период претставува дел и од унгарската сегашност: оценувањето на скоро сите учесници и настани од тоа време до ден денешен е проследено со жестоки дискусии.

Во однос на промените на политичките системи, кои се евоцираат во романот и кои во многу аспекти донесоа радикални пресврти, читателот има чувство дека историјата на XX век во суштина е повторување на едни исти случувања. Помеѓу зајадливата иронија и сатиричниот црн хумор, авторката ги оживува сите верувања, опсесии и предрасуди на двете политички опции (десната и левата).

Оти, што е всушност историјата? Таа е истовремено и историја на тие верувања, опсесии и предрасуди. Или, како што вели самата Сечи, „Историјата за мене е неисцрпен извор на необични судбини, а од друга страна една, речиси, сатанска законитост. Ние тука, во Европа на 21. век, сме способни колку-толку да се одбраниме од демонската сила на политиката, а мене токму поради тоа ме интересираат други, минати времиња, оти тогаш тоа уште не беше можно, а токму таа темна сила може да се активира во текстот”.

ШИФРА: 54
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2011

Број на страници

394

Превод/Препев

превод од унгарски: Златко Панзов

Ноеми Сечи е родена во 1976 година во Сентеш, Унгарија. Студира латински, англиски и фински на Универзитетот „ЕЛТЕ“ во Будимпешта. Таа е независен писател, преведувач и новинар, и една од најзначајните млади автори во унгарската современа литература.

Досега ги има објавено делата „Угро-фински вампир“ (2002), „Дневникот на трудницата“ (2003), „Мемоарите на бебето“ (2004), „Комунистот Монте Кристо“ (2006), „Последниот Кентаур“ (2009) и „Немирни“ (2011).

Добитник е на „Европската книжевна награда“(2009) за романот „Комунистот Монте Кристо“, како и на најпрестижната унгарска книжевна награда „Атила Јожеф“(2011).

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.