Коскени часовници

Од (автор)Дејвид Мичел

590,00 ден

Со „Коскени часовници“ Дејвид Мичел ја заокружува неформалната трилогија која ја сочинуваат неговите претходни два романи, „Атлас на облаците“ и „Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут“. Следејќи го истиот модел на шест преплетени приказни, Мичел и во овој роман гради своевиден книжевен калеидоскоп, во кој централната фигура која ги обединува засебните приказни е главниот лик – Холи Сајкс.

Така, книгата следи шест децении од животот на Холи, почнувајќи од 1984, па сè до „далечната“ иднина во 2045 година. Ова му овозможува на авторот не само да врати дел од познатите ликови од неговите претходни романи, туку и да направи мешавина од неколку книжевни жанрови – од тинејџерски семеен роман, преку психолошки трилер, до фантастика и еколошка дистопија.

Со тоа Мичел го заокружува целото свое творештво во еден универзум низ кој се појавуваат познати ликови и теми, но секогаш низ свежа и провокативна перспектива. „Коскени часовници“ е роман кој патува низ времето, низ културите и низ жанровите – иновативна нарација и креирање на нов свет во книжевноста.

ШИФРА: 154
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2017

Број на страници

665

Превод/Препев

превод од англиски: Ацо Пероски

Дејвид Мичел е еден од највпечатливите „нови гласови“ во современата британска книжевност. Роден е во 1969 година во Англија, а живеел во Италија, Јапонија и Ирска.

Автор е на неколку романи и добитник на голем број меѓународни литературни признанија.

Книжевната критика особено ги издвојува „Атлас на облаците“ (ИЛИ-ИЛИ, 2014) и „Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут“ (ИЛИ-ИЛИ, 2015) како исклучителни книжевни дела кои се одликуваат со стилска, тематска и естетска впечатливост.

„Коскени часовници“ оригинално беше објавен кон крајот на 2014 година и засега е негово последно прозно дело, како заокружување на неформалната трилогија со претходно споменатите наслови, во која се испреплетуваат ликовите, настаните и времињата на случување (минато-сегашност-иднина).

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.