Летни лаги

390,00 ден

Лагата и вистината ги означуваат различните, понекогаш дури и спротивставени поимања на реалноста. Што е лага, а што вистина не е секогаш лесно да се одреди, посебно не, кога се доведува во прашање сопствениот начин на живот. Оној кој лаже, може да се убеди себеси и другиот во таа лага, само доколку и самиот верува во неа и се чувствува навреден, кога другиот ќе го нарече лажго.

„Кој не умее да лаже, не знае што е вистина“, вели Заратрустра на Ниче.

Бернхард Шлинк се соживува и воздржува во раскажувањето. Со својот трезвен и ненакитен јазик тој успева да не допре и да не внесе во своите раскази. Тој го познава својот занает.

Распродадено

ШИФРА: 45
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2010

Број на страници

207

Превод/Препев

превод од германски: Ксенија Чочкова

Бернхард Шлинк е роден 1944 година во Билефилд, Германија. Живеел паралелно во Бон и Берлин, работејќи како адвокат.

Својата книжевна одисеја ја започнува во почетокот на 90-тите со криминалистичка трилогија, но вистински книжевен пресврт во неговата кариера претставува романот „Читачот“ (1995), со кој се здобива со светска слава и бројни литературни награди. Следи прекрасната збирка раскази „Бегства од љубовта“ (2000), а со романите „Враќање дома“ (2003) и „Викенд“ (2008) докажува дека е еден од најдобрите и највозбудливите современи европски книжевни раскажувачи.

„Летни лаги“ (2010) е негова најнова збирка раскази.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.