Мојот непријател Ита Пејо

200,00 ден250,00 ден

„Ништо веќе по „Мојот непријател Итар Пејо“ на Калина Малеска нема да биде како што беше со нејзините раскази, но и со приказните на Итар Пејо, зашто, кога и да ги слушнеме – ќе знаеме дека еден фиктивен книжевен лик со заборавено име стои како глас и зад неа, но и зад Пејо, како негова заумна мисла, како сенка и како идеја за општа правда и праведност. Како осовременета книжевна вистина за фолклорното наследство. Оваа одлична раскажувачка јас-точка на измислен лик сопoстaвен на Итар Пејо, целосно ги освојува читателските симпатии и на распнатото јаже помеѓу измислениот лик и неговиот „непријател“ – фолклорниот херој, еквилибристички вешто го движи исписот на новата можна книжевна вистина. Или тајна…“

Оливера Ќорвезироска

ШИФРА: 139
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2016

Број на страници

152

Калина Малеска е македонска писателка, професорка по книжевност и книжевна критичарка. Ги напишала следниве дела:

– Збирки раскази: „Недоразбирања“, 1998; и „Именување на инсектот“, 2008.
– Романи: „Бруно и боите“, 2006; и „Призраци со срмени нишки“, 2014.
– Драма: „Случка меѓу настани“, 2010.
– Книжевна теорија и критика: „Transformation of the Discourse of Power in Literature“, 2016.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.