Отпорот е залуден

Од (автор)Валтер Сити

190,00 ден380,00 ден

Многу истраги ни имаат укажувано за „сивата зона“ меѓу организираниот криминал и светот на финансиите, составен од податливи банкари, бескрупулозни брокери, корумпирани политичари, втора генерација криминалци со дипломи по економски науки, топло дочекани во најраскошните и најнеочекувани средини. Но тешко е да се замислат во секојдневниот живот.

Валтер Сити ги ползува ресурсите на книжевноста за да ни понуди живописен приказ на Томазо: момче со проблеми во минатото, несуден математичар и финансиски жонглер. Околу него се врти свет каде што парите владеат и изобличуваат, каде што „сопственоста е единствената вредносна мера“, телото е валута, а насилството е деловна предност. Запознаваме една умна спонзоруша и ангажирана писателка, ведар криминалец од римските предградија и меѓународен мафијаш што своето раководство го толкува како мисија. Свет каде што валканите и чистите пари се врзуваат во нераскинлив јазол, додека разликата меѓу доброто и злото се чини неизвесна и нестварна.

Во своето наративно истражување на коренитите промени на совремието, Валтер Сити во „Отпорот е залуден“ го навестува задгробниот живот на демократијата: пекол што бара луцидно да се погледне и доживее пред (можеби и радикално) да се отфрли.

ШИФРА: 156
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2017

Број на страници

325

Превод/Препев

превод од италијански: Калина Јанева

Валтер Сити, италијански писател, книжевен критичар и есеист, е роден во Модена во 1947 година. По завршувањето на студиите во Пиза, сè до 2007 година работи како професор по современа италијанска книжевност на универзитетите во Пиза, Козенца и Аквила.

Има објавено две книги книжевна критика, „Реализмот на авангардата“ (1973) и „Неореализмот во италијанската поезија“ (1980), како и бројни критички есеи на теми од современата италијанска поезија.

Приредувач е и на собраните дела на Пјер Паоло Пазолини.

По обидите да влезе во писателските води како поет, од деведесеттите години на минатиот век почнува да пишува романи, а последнава деценија има објавено и неколку збирки раскази.

За романот Отпорот е залуден (2012) ги добива престижните награди „Стрега“ и „Мондело“.

Најновиот роман „Сè да се запали“ (2017) предизвика силни реакции во италијанската јавност бидејќи зборува за отец-педофил опседнат со сексот.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.