Полубратот

300,00 ден590,00 ден

„Полубратот“ е приказна за двајца браќа – Фред и Барнум – кои се борат да станат исполнети поединци додека растат во ексцентрично семејство во Осло. Романот ги следи низ сите етапи на животот. Тоа е наратив со богата, жива историска основа во кој се испреплетени и неколку паралелни приказни. Овој прекрасен роман е ценет и од критичарите и од читателите. Романот има добиено многу награди, меѓу кои и наградите на „Нордискиот совет“, наградата „Браге“ и „Наградата на книжарите“. Според него е снимена и многу популарна тв серија.

 

Полубратот е од оној вид на големи амбициозни панорамски романи за кои мислиме дека само Американците ги пишуваат во последно време. Тој е делумно Билдунгс роман – опишувајќи го развојот на еден писател, еден вид Улис за Осло… Големо, вредно четиво.“

Daily Telegraph

ШИФРА: 86
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2013

Број на страници

639

Превод/Препев

превод од норвешки: Искра Бадева

Ларс Соби Кристенсен (1953) е надарен раскажувач, наратор кој е имагинативен, но и подеднакво приземјен. Неговиот реализам се наоѓа помеѓу поетската слика и генијалното дејствие, спроведен преку богат јазик од престолнината и сленг кој никогаш не е вештачки и присилен. Неговите херои поседуваат прилично многу самоиронија. Всушност, критичарите го споредуваат со црниот хумор на Вуди Ален. Но под живоста на неговите описи во книгите секогаш демне меланхолијата.

Од неговото деби со колекцијата поеми во 1976 година, Соби Кристенсен има напишано десет збирки поезија, пет збирки кратки раскази и дванаесет романи. Неговиот голем пробив се случи со романот „Битлси“ (1984), кој беше прогласен за еден од најголемите комерцијални успеси во Норвешка.

Успехот го повтори седумнаесет години подоцна со билдунгс-романот „Полубратот“, кој доживеа и успешна телевизиска екранизација.

Живее и твори во Осло.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.