Помеѓу

250,00 ден

Дебитантскиот роман на новото име на македонската книжевна сцена, Ирена Јорданова, воодушеви многумина кои не веруваа дека еден почетник во литературата може да пишува како било кој современ европски автор во моментот. Скопскиот љубовен триаголник е приказна која за еден глас не ја освои престижната награда „Роман на годината“ на Утрински весник, но тоа не ја обесхрабри Јорданова да продолжи да го работи она што најдобро го знае – прекрасно да пишува сурови наши приказни.

Распродадено

ШИФРА: 20
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2008

Број на страници

200

Ирена Јорданова е родена 1980 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет на катедрата за Општа и компаративна книжевност, каде во моментов е на магистерски студии. Објавувала и раскази и есеи.

„Помеѓу“ е нејзин прв роман.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.