Собирач на автограми

Од (автор)Зејди Смит

200,00 ден500,00 ден

Алекс-Ли Тандем има чудна професија: тој продава автограми, ги лови имињата на славните луѓе запишани на хартија, ги собира и ги препродава, но исто така и ги фалсификува, сакајќи да им го даде на луѓето она за што сонуваат: мал дел од славата. Алекс оди во потрага по автограмите на два континенти, се обидува да ги разбере мистичните филозофии на Кабалата и Зен-будизмот, станува збунет сведок на уништувањето на неговиот сопствен живот и, сосема случајно, успева да открие еден мал дел од неговото вистинско „јас“, кое не може ниту да се купи ниту да се продаде, туку мора да се прифати.

„Собирач на автограми“ е истовремено трогателен и комичен осврт на празнините на денешното модерно живеење во кое симболите доминираат над искуството. Зејди Смит, новото големо име на британската книжевност, уште еднаш напиша голема и значајна книга во која се зборува за теми кои се сосема малку застапени во современата литература.

ШИФРА: 40
Едиции:,
Автор/ка

Година на издавање

2010

Број на страници

452

Превод/Препев

превод од англиски: Катерина Јосифоска

Зејди Смит е родена во 1975 година во северозападен Лондон, каде што живее и денес. Авторка е на неколку романи, една збирка раскази и неколку книги со есеи.

Нејзиниот прв роман, „Бели заби“ (2000), е добитник на наградата „Витбред“ за дебитантски роман, на меморијалната награда „Џејмс Тејт Блејк“ за книжевност и на „Наградата на писателите на Комонвелтот“ за дебитантски роман, и со тоа се вбројува помеѓу најдобрите сто романи напишани на англиски јазик во втората половина на XX век.

„Собирач на автограми“ е нејзин втор роман, напишан во 2002 година, и со него Смит се етаблира како еден од најавтентичните и најуспешните млади британски автори.

Нејзиниот трет роман, „За убавината“, во 2005 година беше во најтесниот избор за доделувањето на Букеровата награда за литература.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.