Звукот на сончевиот часовник

399,00 ден

Зрело, читливо и истовремено култивирано дело, кое на природен начин спојува неколку интелектуални нивоа, временски зони и жанрови сместени во Злин во екот на успехот на претприемачот Баќа, Индија во триесеттите години од минатиот век и современа Америка.

Нарацијата почнува со случајната средба на двајца чешки емигранти во Колорадо, чии животни судбини одамна се преплетувале. Во кратките сцени и во промислените пасажи пред нас се одвива сложена приказна, во чиј центар е љубовната врска меѓу Томаш Кеплер и Еврејката Рахел видени со очите на нивниот син Даниел. Со окупацијата на Чехословачка и последователното одење на Рахел во логор, хармоничниот и безбеден свет на Даниел дефинитивно се распаѓа…

ШИФРА: 113
Едиции:,
Број на страници

311

Година на издавање

2015

Превод/Препев

превод од чешки: Маргарета Карајанова

Автор/ка

Смртта на 44-годишната етаблирана писателка Хана Андроникова ја потресе чешката културна јавност во декември 2011 година. Добитничката на литературната награда на Книжевниот клуб во 2001 година за првенецот „Звукот на сончевиот часовник“ следната година ја добива наградата Магнезија литера во категоријата Откритие на годината за истиот роман. Романот добива и свое продолжение во циклусот од осум раскази „Срце на јадица“. Најголемо признание за Андроникова е Магнезија литера – Награда од читателите во 2011 година за автобиографскиот роман „Небото нема дно“, сместен во амазонската прашума, каде што хероината се соочува со болеста. Драмите „Танец преку ограда“ (2008) и „Дворски будали, шпиони и претседатели“ (2010) се изведувани на сцена.

Андроникова е родена во Злин и дипломирала англиски и чешки јазик на Карловиот универзитет во Прага. Минала една година од животот во Канада. Од 1998 година ѝ е посветена на литературата и живеела во близина на Прага.