Автор/ка | |
---|---|
Година на издавање | 2013 |
Број на страници | 115 |
Превод/Препев | превод од турски: Ѓулнихал Исмаил |
заштеди
50,00 денПрогонетите
100,00 ден150,00 ден
„Прогонетите“ на современата турска писателка Чилер Илхан е посветена е на сите оние вести, почнувајќи од окупацијата на Ирак, на жените од Батман, на експерименталните кучиња, на Пипа, на Хрант Динк и жителите на ромската населба Сулукуле, „на прогонетите од своите домови, од својата татковина, од своите тела и душа, со надеж дека ќе се вратат во татковината која тлее во самите нив.“
„Прогонетите“ е збирка раскази со вкус на роман којашто впечатливо гледа подлабоко во раните на општеството кое крвари, напишана со специфичен книжевен јазик и со раскази поврзани еден со друг, кои сигурно ќе Ве вознемират и ќе Ве направат повеќе свесни за светот кој не’ опкружува.
Чилер Илхан е родена во 1972 година во Истанбул. Дипломирала на отсекот „Меѓународни односи и политички науки” на Босфордскиот универзитет во родниот град.
Добитничка е на Младинската награда „Јашар Наби“ за најдобар расказ во 1993 година. Дебитанстката книга „Собата на трговците со сништа“ е збирка раскази која во себе носи траги од реализмот, а потоа, во сличен манир, следуваат и книгите „Зобар и Баша“, „Средба на Моцарт со степскиот волк“, „Големиот градски ловец“…
За збирката раскази „Прогонетите“ во 2011 година ја добива „Наградата за литература на Европската унија“, која им се доделува на најдобрите нови писатели.
Коментари на клиенти
Сè уште нема коментари.
Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.