Бејрутското здружение „Пеколен оган“

Од (автор)Рави Хаж

250,00 ден390,00 ден

На опустошената улица со поглед на гробиштата во христијанската енклава во Бејрут, се среќаваме со еден ексцентричен млад човек по име Павлов, син на локалниот гробар.

Кога неговиот татко ќе се соочи со ненадејна и прерана смрт, на Павлов му приоѓа член на мистериозното друштво „Пеколен оган“ – антирелигиозна секта, која меѓу многуте бунтовни активности организира и таен погреб на отфрлените лица на кои им е оневозможен последниот обред. заради нивната религија или сексуалност.

„Ова е вистинско ремек-дело“, крикнува критичарот Лоренс Џозеф во освртот кон новиот роман на генијалниот Рави Хаж.

ШИФРА: 195
Едиција:
Автор/ка

Година на издавање

2021

Број на страници

276

Превод/Препев

Превод од англиски јазик: Ацо Пероски

Канадскиот писател Рави Хаж е роден во Бејрут, и растел за време на либанската граѓанска војна во 70-те и 80-те години на минатиот век. Во 1991 година го пронаоѓа својот дом во Монтреал, Канада, каде живее и твори и денес.

По таксирањето и експериментирањето со фотографијата, тој конечно се скрасува во книжевноста, покажувајќи дека неговиот несомнен талент долго време чекал да биде откриен. Неговите три романи, „Играта на де Ниро“ (2006), „Лебарка“ (2008) и „Карневал“, сите во издание на ИЛИ-ИЛИ, за кратко време постигнаа интернационален успех, ставајќи го Хаж на врвот на листите на омилени писатели кај многу угледни европски и американски интелектуалци.

Во 2018 година писателот го издаде засега неговиот последен роман кој го држите во вашите раце.

Коментари на клиенти

Сè уште нема коментари.

Само најавените клиенти кои ја купиле оваа книга може да остават коментар.